26.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаДанела: Ова е срамота, јас сум Македонка и немам никакво друго државјанство...

Данела: Ова е срамота, јас сум Македонка и немам никакво друго државјанство !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, во вечерашното гостување на ТВ24 ги демантираше информациите кои денеска ги објави СДСМ дека таа поседува бугарски пасош.

<

– Велеа дека сум била донатор на политички партии, каде се доказите, каде се доказите дека сум муслиманка, дека некој нешто крадел и злоупотребил, тоа е небулоза.

Разочарана сум, како не им е срам да излегуваат со овие небулози? Срамотно е ова да го направат на два дена од кампањата. Јас немам дамка, а на некои им гори под нозете. Скопје ќе го добие она што го заслужува, во еден почист град, рече Арсовска.

Објаснувајќи зошто одбива да се појави на телевизиски дуел со Шилегов, Арсовска рече дека актуелниот градоначалник и нејзин противкандидат „лично ја напаѓа, се обидува да ја дисквалификува, ги негира нејзините квалификации и ја деградира“. Шилегов на градоначалничкиот профил објавува видеа со кои ја исмева како личност, вели таа.

„И тој смета дека тоа е демократија, а тоа што не сакам да седнам на маса со него не е демократија. Шилегов не го разбира концептот на демократија. Треба да ми се извини затоа што човечки е да се извините ако згрешите. Како второ, до овој момент верувам дека тој не е достоен човек за да биде градоначалник,“ рече Арсовска во емисијата „24 анализа“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...