22.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Не ни требаат нови избори владата има 2,5 години пред себе

Заев: Не ни требаат нови избори владата има 2,5 години пред себе

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во интервју за белградска „Политика” претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев изјави дека нема потреба од нови избори и дека парламентарното мнозинство е стабилно и може дополнително да расте. „Конечно имаме пред себе 2,5 години за работа и таа можност треба да се искористи“, вели Заев.

<

„Државата има стабилна влада – демократска, европска, мултиетничка. Владата е столб кој го чува курсот кој сите заедно си го зацртавме и по кој се движиме напред. Коалицијата на Владата е стабилна и очекувам да расте. Не ни требаат нови избори. После долго време конечно имаме 2.5 години пред нас, период без избори, тоа е ретка можност. Тоа е она што го бараат граѓаните и она што е неопходно за економските перспективи. Јас цврсто стојам на тоа дека треба да се зграби оваа можност и државата веднаш после овие избори да продолжи напред кон раст на платите и пензиите и кон отворање на нови 150.000 работни места колку што имаме испланирано за следните години”, порача Заев во интервју за „Политика”.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...