Каков е тој скрининг на само 5000 ученици?! До сега се тестирани околу 5000 во склоп на најавениот скрининг на министерот за здравство Филипче кој по подолго време конечно се појави во јавност. Од над 240.000 ученици во земјава, скрининг се врши само на толку мала бројка и се поставува дилемата дали оваа бројка може да ја даде вистинската слика за корона вирусот во училиштата?!
Кај малолетна популација во земјава регистрирани се вкупно 1068 случаи на Ковид, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Како што додаде тој, во Институтот за белодробни заболувања во Козле се лекуваат 23 деца и ниту едно од нив не е во критична состојба.
„Скринингот е завршен во најголемиот број од училиштата, тестирани се над 5 000 ученици, 15 биле позитивни на вирусо, очигледно е дека таму кадешто се почитуваат протоколите нема никакви проблеми“, рече Филипче.