20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаСветПари, пиштол и презерватив до креветот – објавени нови фотографии за кои...

Пари, пиштол и презерватив до креветот – објавени нови фотографии за кои се тврди дека се од спалната соба на Борисов

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нови фотографии оваа недела беа испратени до локалните медиуми, а кои наводно го прикажуваат поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов, како спие во државна резиденција со значителна сума евра во фиока и пиштол оставен покрај креветот.

<

На едната фотографија се гледа пиштол на ноќна маса и кондом.

Фотографиите се испратени од анонимен испраќач до ток-шоуто „Евро Дикоф“ преку е-маил во кој се наведува дека потегот е предизвикан од неактивноста на обвинителството откако беше објавен првиот сет фотографии во гангстерски стил во јуни 2020 година, кога Борисов уште беше на чело на земјата, пишува Интелњуз.

Обвинителството ги проверува новите фотографии.Се верува дека новите фотографии се направени во исто време кога биле сликани и првите, објавени минатата година.

Бугарскиот сајт Dir.bg наведува дека настанала аферата „Мата Хари“ и дека се трага по мистериозна жена за која се верува дека ги фотографирала собата и премиерот, најверојатно откако имале сексуален однос.

Во јуни 2020 година, веб-страницата Афера ја објави првата серија фотографии од спалната соба. На фотографиите се гледаа златни плочки и снопови евра во истата просторија во резиденцијата на тогашниот премиер.

Прочитајте повеќе во Точка.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...