2.9 C
Ohrid
недела, април 6, 2025
ПочетнаМакедонијаБебето кое се роди со тежина од 790 грама во 2015 година,...

Бебето кое се роди со тежина од 790 грама во 2015 година, денес е темпераментно и среќно прваче

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По точно 100 дена поминати на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, Ада, која пред седум години се родила со екстремно мала родилна тежина, како вистински победник заминала дома како здраво бебе. Пишува Слободен Печат

<

Седум години таа секој ден ја радува и ја гушка својата мајка Сибeл, која раскажува за борбата за живот на Ада, за исчекувањата, за стравовите, но и за надежта дека ќе дојде ден кога од инкубатор бебето ќе дојде во нејзините прегратки. Мајката вели дека 17 ноември го слават и како роденден на Ада.По повод Светскиот ден на предвремено родени деца, скопјанката Сибeл Вели со нескриени емоции раскажува како нејзината сега седумгодишна ќерка Ада се изборила за живот иако се родила неколку месеци пред терминот за породување. Овој мал борец сега е здраво и ведро прваче, а нејзината мајка со нескриена исполнетост и благодарност, во чест на денот кога им се восхитуваме на сите прематурчиња – вистински мали борци, се присетува на моментите кога се соочила со шокот дека нејзиното бебе има екстремно мала родила тежина – само 790 грама. Сепак, вели Сибел, агонијата низ која поминувала додека Ада била во инкубатор, за миг ја заменила неизмерна радост кога конечно можела силно да ја гушне и да ја држи во раце.

– На 35-годишна возраст забременив по нормален пат, а бременоста и редовните месечни контроли и испитувања се одвиваа нормално сé до третиот месец од бременоста, кога прокрвавев. Беше интервенирано навреме и во тој период ми беше укажано повеќе да одмарам. До 24. гестациска недела одев на редовни прегледи и контроли и сѐ беше во ред. Сепак, Ада се роди предвреме. Многу предвреме. Се роди поради прснат воденик, во 25. гестациска недела. Нејзината родилна тежина беше 790 грама, а потоа тежината ѝ падна на 680 грама – раскажува нејзината мајка Сибел Вели.

На ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ја породиле доктор Игор Самарџиски и доктор Слаѓана Симеонова, за кои вели дека и до ден-денес, каде и да ги види, од благодарност силно ги прегрнува.
За повеќе детали и фотографии ТУКА Пишува Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мајка на маршот во Кочани: Кој ги пеплоса тие ангелски лица?!

По еден час молк, марширање, солзи и лелек, мајка на загината девојка од пред судот во Кочани постави прашање. Таа упати порака до правосудните...

ФФМ донесе одлука: ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без публика.

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика....

Ова не е несреќа, ова е убиство: Семејствата на настраданите повторно маршираа во Кочани

Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Стоп за селективна правда“ се дел од пораките на транспарентите кои...

Спасовски: Истрагата за Кочани мора да даде одговори и за пропустите на МВР

Најважно од сè е сега истрагата да ги даде одговорите на прашањата за трагедијата во Кочани и за утврдување на одговорноста. Главната одговорност треба...