11.9 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Кисела Вода уапсен избеган затвореник осуден за убиство во Сараево

Во Кисела Вода уапсен избеган затвореник осуден за убиство во Сараево

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Скопјанецот Суад Куртовиќ, осуден на 12 години затвор бил уапсен вчера во Кисела Вода и вратен во затворот „Идризово“ на доиздржување на казната за убиство извршено во Сараево во 2012 година, дознава 24 Инфо.

<

Куртовиќ бил осуден во Сараево, но подоцна бил префрлен во Македонија на отслужување на казната, но тој не се вратил во „Идризово“ по еден од викендите кои му следуваат откако издржал поголем дел од предвидената казна.

На 22.11.2021 во 22.55 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги на подрачјето Кисела Вода го лишија од слобода С.К.(38) од Скопје. Тој се барал со потерница од Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од 3 години 4 месеци и 17 денови, од вкупно предвидената казна од 12 години и 10 месеци. Тој е сторител на повеќе кривични дела, и тоа „убиство“, „насилство“ и „оштетување на туѓи предмети“, казниви по чл.123, чл.386 и чл.243 од Кривичниот законик. С.К. ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна, информираа од МВР,

Куртовиќ заедно со Мирза Милиќ од Сараево на 10 мај 2012 година со нож го убиле 49-годишниот Харис Жига, воен ветеран во сараевската населба Бистрик.

Убиството предизвика многу револт кај сараевчани, незадоволни од безбедноста во градот. Убијците биле фатени неколку часа подоцна, а пронајден е и нож со кој е извршено злосторството. Несреќниот Жига, татко на две деца, од кои едното малолетно, се судрил со двајцата зависници од наркотици, неколку часа откако направиле инцидент во блиската продавница.

Ветеранот дошол на повик за помош од сопственикот и ги избркал Куртовиќ и Милиќ, а тие потоа го пресретнале во една уличка и од зад грб го нападнале. Обдукцијата покажала дека сечилото смртно му го повредило срцето, а откако паднал го удирале по главата.

Пријателите на Жига, кои биле со него непосредно пред да биде убиен, велат дека двајцата убијци и претходно го малтретирале сопственикот на продавницата. Кобната вечер дошле да купат цигари, но трговецот не сакал да им ги продаде бидејќи им недостасувале пари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Судијата Ферати постапил исклучиво согласно пропишаните законски норми за случајот со Теодора“

Македонија „Судијата Ферати постапил исклучиво согласно пропишаните законски норми за случајот со Теодора“, велат од Подружницата на Здружение на судии при Суд Тетово Автор: Деск 4NEWS.MK 10/04/2025 14:06 Подружницата...

Автомобил целосно изгоре близу „Водњанска“

Автомобил целосно изгоре на улицата „50-та девизија“ на приклучокот на „Водњанска“. Веднаш интервенирале противпожарни екипи, а автомобилот е целосно оштетен и изгорен.

Гол маж го шокираше Скопје – Прошета низ центарот на градот

Утринава, пред помалку од еден час, кај скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, минувачите и средношколците беа сведоци на несекојдневна сцена – гол маж прошета...

Ова е Цеца, кралица во затворот во Штип!

Бидејќи главна фаца денес е кучката Цеца, ММС успеа да најде фотографија од оваа кралица во затворот во Штип. Но, која е Цеца? Извори на ММС...