18.8 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСе збогува со брегот на Егејското море за да живее во Охрид...

Се збогува со брегот на Егејското море за да живее во Охрид – од фотограв до успешен земјоделец

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фотограф од Кушадаси – Турција денес земјоделец во Охрид. Пред десеттина години Акин Сезер во Охрид ја најде својата животна сопатничка, денес имаат едно дете и тука ја градат својата иднина. Се збогува со брегот на Егејското море за да живее покрај Охридското езеро.

<

ТВ Мики објавува дека Сезер прво се занимавал со промоција на туризмот и зближување на двете култури, потоа отвори рестран со турски специјалитети во Охрид, но денес е успешен земјоделец. На бавчата во „Андон Дуков” сади органски садници со семиња донесени од Турција. Успешно произведува повеќе илјади корени на артичока, аспарагус, патлиџани, пиперки, јагоди и други врсти зеленчук и овошје. Вели не употребува пестициди на неговата плодна бавча има исклучиво органско производство.

Јас веднаш почнав ставка за органски производи и веќе сме почанати со сертификација. Сега имаме две години пат, треба да се одржува органско. Клиентите сакаат да купуваат органски производи, имаме пласман, имаме заинтересирани купувачи кои сакаат да користат органска храна во Охрид, но за жал повеќето клиенти се скопјани – вели Акин Сезер, земјоделец од Турција.

Покрај плодните пластеници, Сезер произведува и традиционална зимница, ајвар, макала, разни видови салати и туршија, кои се спој на македонската и турската традиција.

Малку комбинирав со турска и македонска традиционална храна. Пред една година почнавме со ајвар, со лутеница, туршија имам, маџун, пекмез, макарон сос и само кај мене има макало со артичока и макало со аспарагус – вели Сезер.

Овој семеен бизнис сега им обезбедува само една плата, но во иднина Сезер планира да го прошири и со сточарство. Да одгледува кози и овци и да произведува млеко и сирење. Сака да отвори и своја продавница. Овој Турчин, кој денес одлично го владее македонскиот јазик, вели човек треба да има љубов кон работата, а за возврат Бог ќе го награди.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...