11.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаГаздата на „Беса транс“ како и членови на неговото семејство биле во...

Газдата на „Беса транс“ како и членови на неговото семејство биле во еден од четирите автобуси кои се враќале од екскурзијата во Истанбул, но не во опожарениот.

spot_imgspot_img

Газдата на „Беса транс“ како и членови на неговото семејство биле во еден од четирите автобуси кои се враќале од екскурзијата во Истанбул, но не во опожарениот. На еден од патниците – Џафер Долек, грешка во чекирањето на багажот, му го спаси животот. Таткото на Џафер, Екрем Долек, за „Слободен печат“ вели дека за несреќата син му дознал на македонската граница, а дека се враќал во истиот автобус како и сопственикот на „Беса транс“.

Тој додава дека син му е во огромен шок и со измешани емоции, поради тоа што во автобусот во кој не се качил, а кој изгоре, се наоѓале петнаесетина негови пријатели кои ги изгубија животите.

-Вработените во хотелот порешно му ги чекирале торбите. Кога се качил во автобусот и видел дека сите другари му се во другиот автобус, се побунил. Возачот му рекол да не прави проблеми и да не се одлага тргнувањето, дека сите автобуси ќе бидат во колона и дека тука има место и да остане. Според мене, имал голема среќа. Не бил на списокот на патници од опожарениот автобус, затоа што го додале на списокот на другиот автобус кој се врати безбедно. Како што ми кажа син ми, екскурзијата траела еден ден подолго поради продолжениот викенд, денот на албанската азбука. Затоа и картата беше поскапа, а тој со уште петнаесет другари, цело друштво се собраа да прошетаат до Турција. Син ми е многу вознемирен, со измешани чувства. Нема многу простор за радост, зашто неговите пријатели во другиот автобус не се веќе меѓу нас, тешко му е да се радува што преживеа – вели Екрем.

Со никого не зборува, не се отвара за разговор. И тие информации што ми ги има кажано, ми ги има кажано за три дена, малку по малку. Дваесетина минути пред сообраќајката, застанале на бензинска пумпа да пијат кафе. Тогаш последен пат ги видел другарите. Затоа мислам дека не е можно возачот да заспал, но тоа сепак треба да го покаже истрагата. Кога пристигнале на македонската граница, син ми го видел газдата на „Беса транс“ вознемирен, затоа што дознал за несреќата. Не ја ни преминал границата, веднаш се вратил назад на местото на автопатот. Само Господ на нашите институции да им донесе памет и да ја регулираат државата. Да не пуштаат автобуси без лиценца, да контролираат, да не се дозволува невини животи да газнат, вели Екрем за Слободен печат.
:Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гоцевата дружина- Објавена е уште една непозната фотографија од македонската историја

Истражувачите Диме Ратајковски и Душко Дуле Апостолски по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев, за првпат од нивната приватна...

Давкова: Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев! Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја...

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко

Полицаец, заедно со уште двајца скопјани, се осомничени за грабнување и разбојништво, бидејќи киднапирале маж, а откако го повредиле, му се заканиле дека ќе...

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред...