Извидникот Петар Ачковски, чие видео стана вирално, бил сниман со дозвола од неговите родители, тврди Институтот за комуникациски студии (ИКС).
„ИКС овој викенд снимаше кратки видеа за извидниците и за нивната љубов кон природата, но и како треба да ја заштитиме. Секој малолетник кој е сниман е со дозвола на родителите. Материјалот кој се споделува е работен материјал, кој за жал, вирално се прошири. Извидникот Петар, како и сите други извидници со кои ги снимавме нивните авантури на изворот на реката Бабуна веќе од денеска ќе може да ги следите на социјалните канали на ИКС, информираше Жанета Трајкоска, директорка на Институт за комуникациски студии.