13.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаПецаков за ДВ: Охрид ќе добие уредени плажи, но не и платформи...

Пецаков за ДВ: Охрид ќе добие уредени плажи, но не и платформи во езерото

spot_imgspot_img

Охрид ќе добие уредени плажи, но со строго почитување на препораките на УНЕСКО. Платформите во вода повеќе нема да се вратат, но дел од крајбрежјето ќе се уреди за потребите на туристите, согласно плановите и препораките на Владата и надлежните министерства, кои во моментов изработуваат Урбанистички план за крајбрежниот појас на Охридското Езеро. Ова се најавите на новиот охридски градоначалник, Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, кој вели дека се што ќе се презема во иднина ќе биде со цел да се заштити езерото, како едно од највредните културни наследства.

Пецаков за Дојче веле ги открива неговите замисли како треба да се развива градот во однос на туристичката понуда, како да се заштити езерото од енормното загадување, но најавува и решавање на долгогодишниот проблем со депонијата во Охрид, која што секојдневно го труе градот.

Ќе се уредуваат само дел од плажите
По овогодишната акција за расчитување на крајбрежјето, која што ја координираше поранешниот градоначалник на Охрид, Костантин Георгиевски, во која беа урнати платформите во езерото и плажите за коишто не била плаќана концесија, градот ја дочека туристичката сезона со скромна понуда. Некои беа задоволни што плажите беа ослободени од „окупацијата“ на лежалките, чија цена вртоглаво растеше секоја година, други, пак, критикуваат дека со уривање на атрактивните платформи туристичкиот центар стана непримамлив за многумина.
Пецаков за ДВ најавува уредување на дел од крајбрежјето во пресрет на идната туристичка сезона. Станува збор само за дел од плажите коишто ќе добијат нов лик, откако ќе бидат одобрени со Планот на Владата и надлежните министерства за уредување на крајбрежјето.
„Оние плажи за кои што ќе биде издадено одобрение, ќе бидат уредени со природни материјали. На половина од просторот ќе бидат дозволени лежалки, додека на останатиот дел тие ќе мора да бидат слободни“, вели градоначалникот на Охрид.
Место концесии – краткорочни договори
Плажите нема да се даваат под концесии како досега. Се размислува за нив да се склучуваат краткорочни договори, најверојатно од една година за закуп. Но, повторно градење на платформи кои што длабоко задираа во езерото и беа трн во око во сите извештаи на невладините организации и на УНЕСКО, нема да се дозволи.
Министерството за транспорт и врски и Владата преку Агенцијата за планирање на просторот го изработуваат Урбанистичкиот план за крајбрежниот појас на Охридското Езеро во кој целосно ќе бидат вклопени препораките на УНЕСКО, со што ќе се заштити крајбрежјето на езерото.
„Се работи на Урбанистички план од државно значење кој се изработува со цел ставање на ред, запирање на узурпирањето на Охридското крајбрежје и негова целосна заштита согласно препораките од УНЕСКО, а во овој момент се собираат податоци од Агенцијата за катастар на недвижности“, информираа неодамна од Министерството за транспорт. Тие апелираа до новата локална самоуправа во општина Охрид да ги почитува започнатите постапки и планот за управување кој веќе е на сила и заеднички да работиме на стратешкиот план за рехабилитација на регионот, се со цел да се заштити и природното и културно наследство.
Целосното интервју  ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...