14.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаЗабава"Јас ја сакам новата Шкода"- Луѓето во Македонија побудалеа по новата лажна...

“Јас ја сакам новата Шкода”- Луѓето во Македонија побудалеа по новата лажна наградна игра освоои нова Шкода со само еден Лајк !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Стотици македонски граѓани по којзнае кој пат „наседнаа“ на лажните наградни игри на социјалните мрежи, овојпат „во надеж“ дека некој од нив ќе добие нов автомобил “шкода“.
Пишува ММС

<

На најголемата социјална мрежа Фејсбук на лажната фан-страница „Шкода Македонија“ се појави лажна објава од измамници кои од корисниците преку инструкции бараат да се пријават за да освојат автомобил, да ја лајкнат нивната страница и да напишат коментар „шкода“ и потоа да ја споделат објавата на својот ѕид и да чекаат во порака дали некој од нив е среќниот добитник на автомобилот.
За 48 часа околу 5.000 фанови ја проследиле групата, а околу 600 од нив земале “учество“ во наградната игра и во коментар напишале „шкода“. Една корисничка за да биде сигурна дека ќе има поголеми шанси да ја извлечат како добитник, напишала дури 25 коментари, а друга корисничка ги предупредува фановите дека се работи за лажна игра откако се пријавила на сајтот и испратила порака.

Од околу 550 фанови, само дваесетина од нив сфатиле дека ова е измама и се обиделе шеговито да ги предупредат другите, но очигледно дека некои се убедени дека можат да добијат автомобил на овој начин.

„Со среќа да им е на победниците, но овие изгледа се од Авганистан и ќе им треба добро возило за во Европа“, “Ајде да споделиме, може би добиле, ама не верувам досега не сум добила ништо“, „ШКОДА прекрасен автомобил со среќа да си го вози среќниот добитник“, “На кој добитници честитки, објавете ги нивните имиња и извлекувањето треба да биде во живо, поздрав“, стои во некои од коментарите.

Една корисничка беше убедена дека победникот е сигурно од Скопје, затоа што никогаш награди не добивале луѓето од селата, друг фан вели дека “возилата се паркирани во Свирипичино“, некој коментира дека не сака да чуе за „шкода“ и сака „мерцедес“, а некоја сака да му ја подарат за роденден.

„Ќе добиете од трите подолгото, абе гледате на слики само Азијати се каде има наши кои добиле кола или подарок? Објавете го со име и презиме и слика да ги видиме. Дечки не пишете и лајкувајте за џабе ова е само за повејќе лајкови да имаат нема ништо од награда барем да имаше а не вака со лага“, стои во еден последните коментари на фан-страната, но попусто кога и после него имаше стотици лајкови и коментари „шкода“.

ММС се обрати и до автодилерот „Порше Македонија“, кој е генерален застапник за брендот „шкода“ кај нас. Оттаму ни рекоа дека на разни начини се обиделе да укажат дека оваа наградна игра е лажна и не е организирана од нив, но без успех.

-Ова не е прв пат да бидеме злоупотребени за вакви измами. Имаме сериозен проблем, но не можеме да ги убедиме луѓето дека работата не е наградната игра туку е многу посериозно, се работи за злоупотреба на лични податоци и дека со тоа само им помагаат за да направат поголема база. Добивме и пораки дека ги лажеме дека со оваа наградна игра само си правиме маркетинг. Пријавивме во полиција, а пробуваме да спречиме и преку централата на Фејсбук. На нашите официјални профили и фан страни на Фејсбук објавивме демант, но тоа не ги спречи да продолжат лугето да пишуваат.
За повеќе детали ТУКА
Ммс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...