22.9 C
Ohrid
вторник, јуни 10, 2025
ПочетнаМакедонијаБлагодарение на градоначалникот, чичко Бранко нема повеќе да спие во автомобил, а...

Благодарение на градоначалникот, чичко Бранко нема повеќе да спие во автомобил, а неговиот син во подрум !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бранко Цветковски од скопско Волково е самохран татко на седумнаесетгодишно дете со посбени потреби. Животот не го милувал.

<

Најпрво останал бес својата жена а потоа и без работа, а сега и без својот дом, кој бил опожарен пред два месеци, а сега е под отворено небо со своето дете.

– Останавме под ведро небо, јас спијам во автомобилот, а синот во подрумот, немам ниту јорган ниту ќебе, немам каде да одам. Денес чичко бранко доби неочекувана посета од градоначалникот на Ѓорче. Од утре животот на чичко Бранко ќе се смени, тие ќе добијат нов привремен топол дом, а наскоро да се надеваме и нова куќа…
Во продолжение ви ја прикажуваме изјавата на градоначалникот:
Бранко и неговиот син, жители на Ѓорче Петров, ќе добијат финансиска поддршка и помош за привремено сместување од општината. Нивната куќа изгорела во страшен пожар пред два месеци. Градоначалникот Александар Стојкоски, ги посети и разговараше со таткото кој објасни дека му објасни дека им треба место за да ја поминат зимата. Стојкоски беше дециден дека ќе направи сѐ за итно да се најде привремено сместување со хумани услови за живот, додека да се изнајде трајно решение за пеплосаниот дом.

Потресна е животната сторија за чичко Бранко и неговиот син, лице со попреченост во развојот. Куќата во која живееле е уништена до темел во септември. Таа би била функционална само ако се изгради одново. За жал, тој изгубил сѐ што имал. До сега, летото го поминувале во подрумските простории, а извесен период живеат кај роднини. Се заложивме да направиме сѐ што можеме за да најдеме привремено сместување и достојни услови за живот, додека трајно не се реши проблемот. Општината ќе помогне и финансиски во рамки на програмата за помош на лица со социјален ризик“, посочи Стојкоски.

Уште во текот на викендот, градоначалникот стапи во контакт со службите во општината, а потоа и со Центарот за социјални работи. И од нив е побарано да се ангажираат за синот на Бранко да биде сместен во интернат.

„Делуваме и институционално и веднаш испративме и допис до Центарот за социјални работи, преку кој посочивме дека има согласност од таткото за синот да биде сместен во интернатот на средното училиште каде што учи, со цел да добие значително подобра грижа и нега“, додаде Стојкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Втор инцидент за два дена: “Параглајдерист виси на жици во с.Беранци- Битола”

Нов инцидент со параглајдер се случи вчера во селото Беранци, во близина на Битола. Според првичните информации, параглајдеристот завршил заглавен на електрични жици. Засега...

Владата ја зголемила платата на Стојанче Ангелов за 12.784 денари, сега изнесува над 105.000 денари!

*Објава на Фејсбук на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ, ПЛАТИТЕ РАСТАТ, САМО НЕ НА РАБОТНИЦИТЕ Ако зголемувањето на платите на работниците кое им...

Талески: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има во Македонија.

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер за здравство, власта ќе...

Наскоро во Македонија лична карта и возачка дозвола во телефон!

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат...