14.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридПецаков: Општина Охрид е задолжена до гуша, односно должи 22 милиони евра...

Пецаков: Општина Охрид е задолжена до гуша, односно должи 22 милиони евра !!!

spot_imgspot_img

Градоначаникот Киил Пецаков, на денешната прес- конференција ја презентира финансиската состојба на општина Охрид и јавните прептпријатија.

Според него општината е задолжена до гуша, односно должи 22 милиони евра.

-Единствената најважна работа во рецептот за успех е транспарентноста, бидејќи транспарентноста гради доверба.
Во таа смисла, но и во насока на оправдување на довербата што охриѓани ми ја дадода, имам обврска да ги информирам за состојбите во Општина Охрид и Јавните претпријатија. Како што кажал големиот Далај Лама, „Недостаток на транспарентност е резултат на недоверба и несигурност“.
Бидејќи личната моја определба е да градиме Локална самоуправа базирана на доверба со граѓаните, која ќе биде нивни сервис, на оваа прес конференција сакам да ги споделам фактите со граѓаните на Охрид за тоа во каква финансиска состојба ја затекнав Општинската каса.
За разлика од моите претходници, кои во ниеден момент не дадоа отчет нити за сработеното, нити за финансиската состојба, јас и моите соработници од првиот ден се одлучивме на отворена општина, без ниедна тајна информација за тоа како се трошат парите на граѓаните.
Тука мора да потенцирам, дека за ЖАЛ, она што претходно беше пласирано во јавноста за тоа во каква финансиска состојба се наоѓа општина Охрид, ни приближно не содејствува со реалната состојба.
Согласно физибилити студијата од 05.07.2021 година која беше презентирана пред советниците од Советот на Општина Охрид се кажува дека вкупниот тековен долг по сите основи изнесува 296 милиони денари. Од тој момент до 08.11.2021 година долгот на Општина Охрид се зголемил за фрапантни 494,291,778.00 денари речиси двојно од тоа што бил и сега вкупниот долг изнесува 856,831,830.00 денари. Сакам тука да нагласам дека во 2019 година, после финансиската помош од Владата на Република Македонија за раздолжување на Општина Охрид, долгот изнесувал 530,000,000.оо денари.
Тоа значи дека во самиот предизборен период, односно пред почеток на изборната кампања и во текот на истата долгот на Општина Охрид нараснал за феноменални нешто повеќе 8 милиони евра.
Сето тоа е резултат, првенствено на недомаќинското работење, предимензионирање на буџетот, одвојување големи суми за времени вработувања, трансфери кон невладини организации и медиуми. Само во последните две ставки трансферите од претходната година до оваа се разликуваат за дополнителни 250,000.00 евра. По основ на обврски по склучени договори Општина Охрид, должи 66,540,052.оо денари, околу 1 милион евра треба да се платат за договори кои се реализирале, делумно се реализирале или воопшто не е почната нивна реализација. Тука мора да нагласам дека оваа сума е пресметана според договорите, додека реалната веројатно би била поголема, информира Пецаков.

Иста е состојбата и во општинските Јавни претпријатија. Наталожувани долгови по сите основи, рече Пецаков.

“Лидер“ во долгови е Јавното претпријатие „Водовод“ со долг од 309,345,403.оо денари, од кои 244,989,712.оо е долг кон ЈП „Колектор“ делбениот процес, а од основањето, генериран долг од самото ЈП е 61,640,880.оо денари. Веднаш после него се наоѓа ЈП „Билјанини извори“ со вкупен долг од 78,198,322.оо денари. Потоа доаѓа ЈП „Охридски комуналец“ со долг од 60,000,000.оо денари, па ЈП „Нискоградба“ со долг од 46,657,094.оо денари, ЈП „Градски пазар“ со долг од 2,400,000.оо денари и ЈП „Градски гробишта“ со долг од 1,000,000.оо денари.
Вкупно сите претпријатија должат 497,600,819.оо денари или околу 8 милиони евра. Во 2017 година по промена на Локалната власт и директорите на Јавните претпријатија, сите општински претпријатија беа во добра кондиција со плус средства на нивните сметки.
Кумулативно долгот на сите општински јавни претпријатија плус долгот на Општина Охрид изнесува 1,354,432,649.оо денари или околу 22 милиони евра.
Постои една народна изрека која гласи „Пушти си ги нозете колку ти е чергата“, претходната власт нозете ги пуштиле и по чергите на идните поколенија, рече Пецакв на денешната прес конференција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче се шегува, или е сериозен?!- Патот Градско – Прилеп му се видел готов. (Видео)

МАРКУКУЛЕ - Тука вистината ви е на дланка. дома Вести ВестиМакедонија Филипче се мајтапи? Патот Градско – Прилеп му се видел готов (ВИДЕО) од страна на markukule-...

Градоначалникот Ногачески: Почитувани сограѓани – православни христијани, Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Велигден !

Почитувани сограѓани – православни христијани, Христовото Воскресение, како најторжествен христијански празник, кога ја славиме победата на животот над смртта, нека Ви донесе радост, среќа,...

Гоцевата дружина- Објавена е уште една непозната фотографија од македонската историја

Истражувачите Диме Ратајковски и Душко Дуле Апостолски по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев, за првпат од нивната приватна...

Давкова: Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев! Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја...