21.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаЗабаваВо Кина случајно пронајден ембрион на диносаурус стар од 66 до...

Во Кина случајно пронајден ембрион на диносаурус стар од 66 до 72 милиони години

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Јужна Кина бил пронајден сочуван ембрион од диносаурус во фосил од јајце стар од 66 до 72 милиони години. Ембрионот е нарекуван „бебето Јинглиан“ по музејот во кој се чувал фосилот, а бил најден во градот Ганџоу во провинцијата Џиангси.

<

Палеонтолози од Универзитетот во Бирмингем изјавиле дека ембрионот е од вид клунест диносаурус без заби од групата овираптосауруси. Овој вид диносауруси имале пердуви и живееле во Азија и во Северна Америка, а се наоѓале со различни клунови и во разни големини.

Ембрионот е еден од најкомплетните што досега се најдени. Откритието се покажува во истражување водено од палеонтологот Фајон Вајсум Ма од Универзитетот од Бирмингем.

– Интересно е да се види дека ембрионот на диносаурус и ембрионот од кокошка се поставени на сличен начин во јајцето, што можеби покажува слично однесување пред испилување – изјавила Вајсум Ма.

 

Јајцето било случајно пронајдено помеѓу повеќе фосили од јајца на диносауруси чувани во музејот за време на градежни работи, а по неговото снимање било откриено дека во јајцето има ембрион.

Извор: Daily Mail

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...