10.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаПоминаа 4 месеци, а државата без одговори за трагичниот пожар во Тетово

Поминаа 4 месеци, а државата без одговори за трагичниот пожар во Тетово

Четири месеци по трагедијата во модуларната болница во Тетово каде животот го загубија 14 лица, причините за пожарот остануваат нејасни. Обвинителството сè уште нема отворено истрага, со изговор дека го чека извештајот на германските експерти, па затоа нема никаква одговорност за случајот. И покрај тоа што опожарената болница повеќе не е под истрага, не се преземени никакви чекори за расчистување на теренот. Урнатините што ги остави пожарот секој ден потсетуваат на тажниот настан.Овие остатоци кога ги гледаме нè растажуваат секој ден. Ова не е добра глетка ниту за нас, ниту за маалото, ниту за луѓето воопшто. Таа ноќ беше многу тажна, не знам што да кажам, ништо не функционира, мора да се исчисти ова.

Овде поминуваме секој ден, тука ни е патот и ова треба да се исчисти, но најпрво некој треба да преземе одговорност зошто изгореа тие луѓе, зошто се случи ова, бидејќи не е прв пат. Се случи и со автобусот во Бугарија, никој не е одговорен. Дали некогаш ќе биде преземена одговорност во оваа држава или не?

Ова е работа на институциите, ова вака нè растажува.

Прашавме во Министерството за здравство зошто сè уште не се отстранети остатоците од модуларната болница? Велат – тоа не било нивна обврска.

„По нивната изградба, модуларните болници се предадени на управување на болниците, па затоа останува нивна обврска да го исчистат, односно да го отстранат отпадот од модуларната болница.“

Истото Алсат го праша и во Клиничката болница во Тетово. Директорот, Амир Елези, телефонски ни одговори дека чекале налог од обвинителството.

„Разговаравме за отстранување на овој објект и не недостасува волја од наша страна да го отстраниме. Писмено се обративме до Обвинителството во Тетово да нè извести дали објектот е сè уште предмет на истрага или не? Од Обвинителството ни беше кажано да не преземаме ништо сè додека не пристигне извештајот на германските експерти.“

Германската форензичка полиција која вршеше вештачење одбива да соопшти какви било детали во врска со извештајот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...