29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаГерманија ја врати Македонија на листата на високоризични земји од инфекција со...

Германија ја врати Македонија на листата на високоризични земји од инфекција со Ковид-19

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Германија ја врати Македонија на листата на високоризични земји, па од недела ќе биде потешко да се влезе во таа земја, односно невакцинираните и лицата кои не прележале КОВИД ќе мора да бидат ставени во карантин, јави дописникот на МИА од Белград.

<

Покрај Македонија, на листата на земји со поголем ризик од зараза се вратени Србија, Босна и Херцеговина и земјите од ЕУ, како Франција, Австрија, Летонија, Бугарија и други земји од повеќе делови на светот.Што се однесува до нашиот регион, Хрватска од 24 октомври минатата година е на листата на високоризични земји, Црна Гора од 15 август, а Словенија од 26 септември.

Враќањето на листата на високоризични земји особено ги погодува патниците кои не се вакцинирани.

Од недела, сите патници кои сакаат да влезат во Германија ќе треба да се пријават електронски, а мора да имаат потврда за вакцинација или за прележан КОВИД или негативен тест за корона вирус.

Вакцинираните и излекуваните лица не мора да одат во задолжителниот 10-дневен карантин.

Лицата кои не биле заразени со КОВИД и не се вакцинирани може да бидат ослободени од изолација најрано на петтиот ден со тестирање за КОВИД-19.

Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, а карантинот автоматски им се прекинува по пет дена.

Германија ги заостри мерките за влез поради ширењето на омикрон сојот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...