20.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 2, 2025
ПочетнаМакедонијаПоради африканска свинска чума во Делчевскиот регион уништени 195 домашни свињи

Поради африканска свинска чума во Делчевскиот регион уништени 195 домашни свињи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По појавата на африканска свинска чума во делчевското село Драмче, во радиус од три километри до денеска уништени се вкупно 195 домашни свињи, односно со овој потег немаме ниту една жива свиња.

<

Направена е депопулација, со што труповите од овие животни се депонирани во сточна јама во Делчево каде се преземени сите мерки да не дојде до ширење на вирусот. Ова го истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски на денешната прес-конференција организирана од Стопанската комора на Македонија на тема „Вонредни мерки за справување со прв случај на африканска свинска чума во Република Македонија”.

Во наредните денови, Бабовски соопшти дека ќе продолжи депопулацијата во радиус од десет километри во одгледувалиштата каде не можат да се спроведат био-сигурносни мерки или во одгледувалиштата во кои нема да дојде до случај да бидат дијагностицирани нови случаи на овој вирус.

– Нешто слично како и со КОВИД-от, овде немаме воопшто можност да се изврши вакцинирање или да се изврши тераписки третман, односно лекување на животните. Сигурен исход на животните заразени со овој вирус е леталниот исход – вели тој.

На ниво на цела држава, АХВ спроведува вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и проверка на веќе воспоставената категоризација за примена на безбедносните мерки. Во овој период воведена е забрана за какво било движење на приемливи животни, со исклучок на оние животни што со соодветна дозвола се носат на колење.

Бабовски додаде дека сите одгледувачи на свињи ќе бидат целосно обесштетени, односно средствата што ќе им бидат исплатени нема да бидат пониски од ценовникот на грлата.

Директорот на Агенцијата потенцираше дека месото добиено од свиња, со негативен резултат на африканската свинска чума не е опасно за консумирање.

Тоде Атанасов, претседател на Групацијата на производителите на свинско месо во своето обраќање истакна дека од 2019 до сега Владата ги нема преземено потребните мерки за заштита од вирусот, при што тие очекуваат од 50 до 60 милиони штета во свињарството.

– Во 2020 година според Заводот за статистика во државата произведени се 15.000 тони домашно месо. Со ова наше обраќање сакаме да посочиме дека овој проблем е голем и треба да се прифати од страна на државата како висок итен приоритет, додава Атанасов.

Бојан Ѓоргиевски, претставник на Групацијата на мали производители во Република Македонија вели дека со појавата на африканската чума мора да се спроведе постапката и да реализира итно покачување на био-сигурноста на фармите, постојани инспекции и забрана за дејност за сите оние кои ќе одбијат покачување на био-сигурност.

– Очекуваме нашите колеги фармери да ја согледаат оваа состојба и да соработуваат со властите, особено што никој нема да биде оштетен. Голем број на млади фармери се директно загрозени од оваа состојба. Тие својата егзистенција ја гледаат во нашата татковина и се надевам дека така ќе остане, додава тој.

Директорот на АХВ потенцираше дека не би требало да се соочиме со поскапување на свинското месо, бидејќи во моментов сезадоволени потребите на домашниот пазар. Тој информираше и дека во радиус од десет километри во делчевскиот регион во опасност се 741 грло, што ќе треба да влезат во процес на депопулација.

Првиот случај на африканска чума во државава беше потврден на 6 јануари оваа година во делчевското село Драмче.

Извор: МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во...

Ексклузивно: Пејачката Марија Луиса доживеа тешка сообраќајна незгода, момeнтално е хоспитализирана

Како што дознава Шило Магазин од своите канали познатата пејачка Марија Луиса доживеала сериозна сообраќајна несреќа денес во Скопје. Според првичните информации, инцидентот се...

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...

Филипче: Да си ја земеме државата назад, да ја вратиме на вистинскиот пат !!!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на трибина на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е...