5.9 C
Ohrid
вторник, април 8, 2025
ПочетнаМакедонијаПоследно обраќање на Филипче како министер за здравство

Последно обраќање на Филипче како министер за здравство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Досегашниот министер за здравство Венко Филипче од денеска си заминува од функцијата и на негово место доаѓа стоматологот Беким Сали од Алтернатива.
„Заедно поминавме многу во историски најтешкиот период за македонското здравство. Поддршката која ја добивавме јас и моите колеги ни даваше сила да продолжиме напред и да ја водиме битка со пандемијата. Одново да се бориме за секој живот и да се грижиме за здравјето на секој пациент. Но, и покрај сите предизвици со глобалната ковид криза, успеавме да направиме темелни промени во здравството и да реализираме инвестиции на кои сум навистина горд“, вели Филипче во своето последно обраќање до јавноста како министер.

<

Тој се пофали и со покачувањето на платите на лекарите и мединскиот персонал.

„Го вративме достоинството и мотивацијата на здравствените работници со покачување на платите како никогаш порано. Тие сега земаат повисоки плати од 25 до 40%, а специјализантите за првпат се платени додека специјализираат. Верувам дека новата Влада ќе продолжи да ги покачува платите бидејќи здравствените работници тоа го заслужуваат. Се грижевме за сите пациенти подеднакво како и за оние кои порано беа игнорирани и заборавани. Обезбедивме лекови за пациентите со ретки болести. Нема ниеден пациент без достапен лек затоа што секој човек е важен, а воспоставивме и регистар за ретки болести. Нашата земја конечно нема лекови од паралелен увоз, ги укинавме и квотите, и сега сите лекови се квалитетни и достапни во секое време“, додава Филипче.

Екс министерот за здравство им се заблагодари на своите колеги.

„Нивната пожртвуваност и посветеност заслужуваат најголема почит, а јас и понатаму ќе продолжам да се борам за нивните права и достоинствен третман од страна на државата. Ви се заблагодарувам уште еднаш на сите кои ја препознавте посветеноста и трудот со кој работев, но и на оние кои добронамерно ме критикуваа и советуваа. Заминувам од позицијата министер горд на сработеното знаејќи дека се што направивме, секоја одлука која ја донесовме ја носевме исклучиво во интерес на здравјето и заштита на граѓаните. Со оваа мисија продолжувам да работам и понатаму“вели Филипче.
Fokus

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Детали за убиството во Крива Паланка: Го разбудиле со изговор дека ќе купуваат ракија, па со мотика го удриле по главата, па потоа го...

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како...

“Побарал 20.000 евра”- Директорот на Геријатрија приведен под сомнение дека зел мито.

Директорот на специјализираната болница за Геријатрија Мухсин Арифи е приведен под сомнение дека зел мито за да хоспитализира пациент. Се шпекулира за сума...

Некој го украл службеното АУДИ на градоначалникот од Aеродром.

На 7 април 2025 година, во 22 часот, градоначалникот на општина Аеродром, Д.М. (37) од Скопје, пријавил во Полициската станица Аеродром дека службено возило...

Мицкоски: Многу сум разочаран од пресудата на Судот во Тетово, јавно барам да се преиспита работата на судијата

Мицкоски кажа дека е силно разочаран од одлуката на тетовскиот суд, и дека бара од Судскиот совет да преземе акција за работата на судијата. „Народот...