8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаЈордан Митев: Мојата мајка беше удрена на тротоар од младо пијано докторче.

Јордан Митев: Мојата мајка беше удрена на тротоар од младо пијано докторче.

spot_imgspot_img

После низата сообраќајни незгоди што се случија во нашата држава и слепото судство.
На темата колку вреди човечкиот живот во Македонија се надоврза и фолк пејачот Јордан Митев

Колку вреди?! Хм, најверојатно кај нас вреди многу малку. Во развиените земји животните имаат поголема вредност…За жал.
Пред 2 години мојата мајка, заедно со еден наш роднина стоејќи на тротоар, младо пијано докторче со својата кола, ги подбира и двајцата од тротоарот. Ги удира и побегнува без да застане и пружи помош. Како кучиња ги остава на патот. Среќа останаа живи. Мајка ми со скршена рака, роднината со скршена нога и дополнителни компликации. За иронијата да биде поголема, докторчето (убав на мајка) е син на докторка која работи во Подареш, која пак беше матичен доктор на мајка ми. Без грам доблест и одговорност, се криеа се додека полицијата не докажа со силни докази дека вистина тој го има направено делото. На крај, и дадоа некоја минимална оштета колку да не биде без ништо, а докторчето убав на мајка, кој утре ќе лекува луѓе и ќе биде одговорен за човечки животи со 3 месеца затворска казна, за која што се сомневам дали и таа ќе си ја одлеже. На нас само дебели казни, да ни дојде паметот. Како знаеме од Табановце нагоре да бидеме и културни и да почитуваме се што треба, па нормално, таму нема “убав на мајка”, Си направил прекршок, ќе одговараш и ќе си платеш.
Сочувство до фамилијата во Радовиш.
Напиша на фејзбук Јордан Митев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...

„Народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа“, рече...

„Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни,...