9.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаЗабаваШварценегер поминал на црвено и предизвикал тешка сообраќајна незгода.

Шварценегер поминал на црвено и предизвикал тешка сообраќајна незгода.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Актерот и политичар Арнолд Шварценегер имал сообраќајна незгода во Лос Анџелес, потврди неговиот портпарол.

<

Локалната полиција соопшти дека четири возила се судриле на раскрсница во Брентвуд во петокот попладне и дека едно лице е повредено.

На фотографиите од местото на настанот се гледа џип што се судрил со уште најмалку две возила, а на сликата се гледа како Шварценегер стои во близина. Неговиот портпарол потврди дека Шварценегер бил зад воланот на џипот во моментот на несреќата.

Засега никој не е приведен, а полицијата соопшти дека никој од учесниците не бил под дејство на дрога или алкохол.

Според полицискиот извештај до кој дојде Си-Би-Ес, возачот на џипот поминал на црвено и свртел лево, по што удрул во друг автомобил, што завршил под него, а во судирот се оштетени уште две возила.

Сведоците велат дека сцената изгледала „лудо“, како од акционен филм.


Портпаролот на Шварценегер изјави дека актерот не е повреден и дека на лице место разговарал со припадниците на итната помош и со повредениот, возачот на вториот автомобил, кој не е во животна опасност.

Полицијата започна истрага за околностите на несреќата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Симона Стојкова се огласи на Фејсбук: Објавата е лажна, не сум исчезната!

Симона Стојкова – жената по која цела држава трагаше, воопшто не ни била пријавена за исчезната во полициска станица. Таа ноќеска се огласи на својот...

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...

Христово Воскресение 2 ден во Дортмунд- Германија

Христово Воскресение 2 ден Дортмунд ____ На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство...

Исчезната е Симона Стојкова- Доколку некој има информации веднаш да пријави во МВР !!!

Краток опис Симона Стојкова има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см и е на возраст од 35 години. Носи наочари и...