-4.1 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЗдружението на вработените во сектор игри на среќа бара да се работи...

Здружението на вработените во сектор игри на среќа бара да се работи и во недела.

Здружението на вработените во сектор игри на среќа „САКАМ ДА РАБОТАМ“ сака да укаже на одредени факти кои ССМ, треба да ги земе предвид пред неосновано да забележува зошто обложувалниците, автомат клубовите и казината работат во недела и за време на празници, велат од здружението, коментирајќи го интервјуто на Дарко Димовски, претседател на ССМ.

-Целосно е неточно дека е спорно работењето на приредувачите на игри на среќа во недела и за време на празници. Имено, во членот 69 и 96 став 3 од Законот за игрите на среќа и забавните игри е определено, цитат:„Казиното или Автомат клубот може да утврди работно време од 24 часа на ден, секој ден, независно од тоа дали со закон или друг пропис е одреден државен или верски празник или друг неработен ден“.Со ова јасно и недвосмислено законодавецот утврдил дека, во конкретниот случај, измените на Законот за работни односи, односно воведувањето на „неработна недела“, не може да има важност за организаторите на игри на среќа. Согласно позитивните законски прописи, казината и автомат клубовите поседуваат лиценци за работа 24 часа – 7 дена во неделата, за што уредно плаќаат надоместок на Министерството за финансии. Воопшто не е случајно што овој сектор е регулиран со таканаречен „lex specialis“ закон, бидејќи се работи за специфична дејност која е нужно усогласена со европските и светски пракси за оваа дејност.

ССМ како организација која се грижи за правата на вработените треба да има предвид кои се можнитепоследиците доколку правно неосновано се инсистира „неработна недела“ да се спроведе и во секторот игри на среќа. Прво, доколку сите организатори на игри на среќа, не работат во недела и за време на празници, во државниот Буџет, годишниот приход по овој основ, значително ќе се намали, бидејќи се работи за индустрија која најмногу посетители има во неработни денови.Второ, заради „неработна недела“, приредувачите на игри на среќа ќе бидат принудени бројот на вработени да го намалат за 1/3. Земајќи предвид дека во овој сектор сме вработени речиси 10 илјади граѓани, 3 илјади од нас ќе останат без работен однос. Трето, ова ќе предизвика значителен одлив на финансиски средства надвор од Република Северна Македонија, бидејќи граѓаните ќе ги задоволуваат личните потреби за забава преку странските интернет сајтови кои огранизираат онлајн игри на среќа.Конечно, заради погрешното толкување на измените на Законот за работни односи и неосновано инсистирање по секоја цена да се спроведе „неработна недела“ и во секторот игри на среќа, ние ќе немаме друг избор освен преку правосудни постапки, кривични пријави и тужби да бараме заштита на своите работнички права.

Што се однесува до измените на Законот за работни односи кои се однесуваат на обврската на работодавецот да исплаќа 50% повисока дневница за работа во недела и за време на празници, го известуваме ССМ дека компаниите од Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија постапуваат по истата.

Ја користиме приликата уште еднаш да потсетиме дека за време на најрестриктивните мерки за спречување на „Ковид-19“ пандемијата, автомат клубовите и казината иако не работеа 100 дена, не’ задржаа сите вработени, што е потврда за општествено одговорно однесување, велат од здружението.
Sloboden Pecat

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...