6.5 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЕднаш премиер- секогаш премиер: Владата му додели ново службено возило на Заев?!

Еднаш премиер- секогаш премиер: Владата му додели ново службено возило на Заев?!

На Зоран Заев како претседател на Владата на РСМ на кому му престанала функцијата му е доделено владино службено возило „шкода суперб“ произведена во 2021 и со моторна зафатнина од 2.000 см3 со владина одлука по престанувањето на неговиот мандат на почетокот на оваа година, објави порталот Фактор.

Според измените на Законот за Влада направени во 2016, поранешниот претседател на СДСМ има право да го користи овој автомобил во вкупно траење колку што до сега бил шеф на Владата.

Претходно на Заев во 2020 кога при формирањето на техничката влада подднесе оставка му беше доделен „фолксваген пасат лимузина“ произведен во 2018 година и со моторна зафатнина од 2.000 см3.

Владата изминатото лето набави 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило изнесува 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена на едно возило достигнува околу 40 илјади евра.

Предмет на договорот е јавна набавка на стока се 45 моторни возила по пат на оперативен лизинг во времетреање од 36 месеци и предвидена километража од 120.000 километри за тој период. Владата, односно Службата за општи и заеднички работи има обврска кон лизинг компанијата по завршувањето на оперативниот лизингот да плаќа по поминат километар за секое возило.

На 17 јануари, на истиот ден кога е донесена одлуката, Заев во изјава за порталот А1он тој изјави дека нема да го искористи правото на апанажа, ниту тоа на автомоил и возач. Вели дека делумно ќе го искористи само правото на обезедување и тоа ретко. Тој има право на шест бодигарди, кои може самиот да ги одбере за да го чуваат 24 часа.

– Ќе се вработам во семејните фирми, па ќе користам возило од некоја од фирмите, таму ќе земам и плата, па нема да користам апанажа, рече поранешниот премиер.

Ваква „привилегија“ Службата за општи и заеднички работи на Владата им овозможила и на претходните премиери – Никола Груевски и Емил Димитриев со измените на Законот за Влада во 2016. Од тогаш на претседателот на Владата на кој му престанала функцијата, покрај правото да користи владино возило и службен возач онолку време колку што бил претходно премиер, има право и на лично обезбедување од шест лица вработени во МВР. по свој избор.

Во мај 2017 пред самото негово заминување, Владата на Груевски му додели фолксваген пасат 3ц произведен во 2015 година. Новата Влада на 19 октомври 2017 година му додели на Димитриев исто така службено возило марка пасат од 2015-та. Рокот за користење кај Груевски е околу десетина години, колку што претходно беше на чело на „Илинденска“, додека времето на Димитриев е една година, односно колку што е минимално пропишаното. На оваа привилегија право имал и Оливер Спасовски, како поранешен технички премиер.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...