20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаРашковски за мекиците што ги делеше ВМРО: Додека вие си играте со...

Рашковски за мекиците што ги делеше ВМРО: Додека вие си играте со мојот углед гинат луѓе во сообраќајки

Екс-генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски реагираше на акцијата на УМС ВМРО -ДПМНЕ кои денеска делеа мекици на минувачи, со цел, како што рекоа да му помогнат, бидејќи „сега кога повеќе не е на функција и кога повеќе не дели мекици за своите деца, неговите приходи се сигурно намалени“.

Рашковски од името на своето семејство иронично им заблагодари за грижата во однос на нивната финансиска состојба по неговото заминување од Владата, и им порача да се занимаваат со посуштински и актуелни теми како што се сообраќајните незгоди или новите технологии.

– Навистина сте се потрудиле да бидете забавни и со високо ниво на сатиричност со спроведувањето на вашата акција, но додека Вие си играте со мојот и угледот на мојата фамилија и за времетраењето на вашата акција, на неколку метри од Вашиот перформанс, во тој период својот живот во сообраќајни незгоди го изгубија две лица. Додека Вие правите перформанси за забава, нашата земја за жал сеуште сме на врвот на листата по број на жртви од сообраќајни незгоди. Наместо млади и прогресивни луѓе како што се претставувате да се занимавате со нови технологии коишто треба да не направат европска држава и да ни го олеснат секојдневието, Вие подлегнувате на ниски страсти и недостоинствена политика од која никој нема никаква корист – вели Рашковски.

Во реакција тој ги повика младите од ВМРО-ДПМНЕ да присутвуваат на секое судење за лично да се уверат дека во неговото работење нема ниту едно криминално дејствие, ниту еден денар пари на граѓаните не се злоупотребени, ниту пак е прекршена било каква процедура при јавните набавки.

– Јас нема да Ви сугерирам од каде потекнува мојот и имотот на моето семејство којшто е плод на 20 години работен ангажман, за кои средства може слободно да проверите дека секоја година уредно се пријавувани како до УЈП, така и до ДКСК, туку доколку ги следите судењата самите сакам да заклучите дека целокупниот имот е стекнат на легален начин. Од Вас како прогресивни сили очекувам да поддржите проекти кои спасуваат животи независно од политичката определеност на учесниците во сообраќајот – порача Рашковски.

На акцијата со мекиците, претходеше вчерашната изјава на Драги Рашковски, кој по судското рочиште кажа дека не постои промена во неговата имотна состојба освен во подароците кои ги добивале неговите деца по повод родендени, крштевки, мекици.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...