12 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаНов скандал: Тетовци немале вода за да го гаснат пожарот

Нов скандал: Тетовци немале вода за да го гаснат пожарот

spot_imgspot_img

Од пожарот што вчера попладне, околу 19 часот избувна во куќа во населба Поток во Тетово, едно лице завршило со изгореници по лицето и телото, и е пренесено во Тетовската болница но е вон животна опасност.

Пожарот најпрвин избувнал во првата куќа од мојата десна страна, но бидејќи куќите се залепени една до друга, пожарот на брзина ги опфатил и другите две куќи. Од овој пожар останало повредено едно лице кое е вон животна опасност, и се наоѓа во тетовската болница.

Командантот на пожарната во Тетово Ука Алити, за Алсат изјави дека требале 15 пожарникари да интервенираат за пожарот да не се прошири во другите куќи.

Од овој пожар се опфатени четири или пет куќи, затоа интервенираме со четири камиони и околу 15 пожарникари. Сите куќи се залепени една до друга но правиме максимални напори за локализирање на пожарот, вели командантот на пожарна Тетово.

Жителите кои први го виделе пожарот излегле да помогнат, меѓутоа немањето на вода во оваа населба, ја онеовозможи нивната помош.

Со вода проблем сме имале нонстоп и лето и зима, видовте сами колку притисок има, и да сакаш да гасиш не можеш, вели жител за телевизијата.

Не знам како се случи овој пожар. Соседи сме ама не знам како се случи. Наполнивме и кофи и буриња ама што ќе полниш кога нема вода. Не е само сега, нонстоп немаме вода. Траба општинарите да видат и овде луѓе живеат, еве пожар се случи немаме со што да гасиме, вели друг жител.

Од пожарот кој избувна квечерината во петкот две куќи изгореа целосно а три други останаа без покриви и со големи материјални штети.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...