20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаЗабаваБалканот има нова ѕвезда: Наташа го има најголемиот задник со обем од...

Балканот има нова ѕвезда: Наташа го има најголемиот задник со обем од 2 метра, со него можам да ги скршам мажите вели таа.

Наташа Краун (30) е плус сајз модел со српско потекло, која живее и работи во Шведска, а обемот на нејзиниот задник моментално е два метра!

Наташа имала три операции, т.е. го зголемила задникот, а вели дека пред втората операција „накачила“ 20 килограми јадејќи пица и нутела, за лекарите да имаат што повеќе маснотии, кои од стомакот би ги префрлиле на задникот.

„Мислам дека поголемото е подобро, никогаш нема да бидам послаба. Мојот задник е како друга димензија. Го користев за кршење на столици, кревети, па дури и луѓе. Отсекогаш сум била поинаква, а во Шведска жените мислат дека слабото е поубаво. Но, мислам дека луѓето треба да видат како изгледа вистинска жена“, вели Наташа.

Рекла дека одела во теретана за да го зголеми задникот, но потоа се свртела на операција, сфаќајќи дека природно ја достигнала границата.

„Бев многу среќна по првата операција. Шест месеци подоцна му кажав на докторот дека завршил одлична работа, но дека сакам уште поголем задник, а тој ми рече „Во ред“.

Наташа на Инстаграм ја следат два милиони луѓе со кои редовно споделува фотографии од своето тело на кои освен задникот ги коригирала и градите, брадата, усните и јаготките.

„Мојата цел е да го имам најголемиот задник на светот и ништо нема да ме спречи во тоа“, вели девојката и додава дека поради нејзиниот голем задник има одредени проблеми.

„Не можам да трчам, премногу е тешко, се обидов. Не можам ни да спијам на грб бидејќи е премногу испакнат“, пишува Улица.Мк

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...