12.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаКуќен притвор за едно од лицата кое беше фатено со прекурзор ...

Куќен притвор за едно од лицата кое беше фатено со прекурзор вреден 50 милиони евра.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Притвор од 30 дена и куќен притвор од 30 дена одреди судијата за двете лица одговорни за испораката на еден тон материјал на скопскиот аеродром од кој може да се направи амфетамин во вредност од 50 милиони евра.

<

Основниот кривичен суд Скопје на осомничениот Н.К. му определил мерка притвор во траење од 30 дена, а на осомничениот М.З. му определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Решенијата се донесени поради опасност од бегство, можност да се попречи истрагата и да се влијае на сведоци, како и можност да се повтори делото. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

МВР вчера на скопскиот аеродром заплени 40 пакувања хемиска материја во вкупна тежина од 1105 килограми. Двете уапсени лица се дел од меѓународна криминална група.

Според лабораториските резултати добиени од примерок од пратката, станува збор за супстанца – прекурзор „1 Phenyl – 2 Propanone“ што според член 3 од Законот за прекурсори спаѓа во прва категорија согласно ратификуваните меѓународни договори и меѓународните нормативи и стандарди. Оваа хемиска материја позната уште и како Phenylacetone и Benzyl Methyl Ketone BMK (P2P) претставува прв прекурзор за добивање на амфетамински тип на стимуланс и се користи за илегално изработување на амфетамин, метамфетамин и МДМА – таблети екстази.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...