27.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаСпецијалците од „Тигар“ спасија изнемоштено лице од Галичник

Специјалците од „Тигар“ спасија изнемоштено лице од Галичник

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Припадниците на специјалната единица на полицијата „Тигар“, во соработка со Хеликоптерската единица при МВР спасија изнемоштено лице од Галичник.

<

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), по упатен повик до Центарот за управување со кризи (ЦУК) за евакуација на болно изнемоштено лице, жител на село Галичник, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Хеликоптерската единица на МВР бргу се подготвиле и ја почнале мисијата.

Имено, во периодот од 7 до 10 часот денеска е евакуиран жителот на Галичник, кој поради снежните навеви на патиштата кон селото, не можел да биде евакуиран по копнен пат и е транспортиран во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при МВР е наменета за извршување на специјални полициски и антитерористички задачи. Покрај основната намена, специјализираните тимови на единицата се користат и за извршување на спасувачки мисии при сложени услови на тешко пристапен терен.

Видео Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина работникот од Кина кој падна од платформа кај селото Требеништа, при изградба на автопатот Кичево Охрид.

По пет дена борба за живот, работникот од Кина кој беше тешко повреден при изведба на градежни работи на автопатот Охрид – Кичево, вчера...

Мицкоски ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Собранието ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство. Пребарај.. МАКФАКС МАКФАКС МакедонијаМицкоски ги...

Гордана Сиљановска Давкова: Потребен ни е мир со природата

Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон кој е домаќин на глобален настан којшто треба да создаде...

Мерко прогласен за невин за аудито вредно 67 илјади евра

Кривичниот суд во Струга го ослободи од обвинение актуелниот градоначалник на оваа општина, Рамиз Мерко, кој се гонеше за луксузниот автомобил „Ауди“ вреден 67...