Во пожарот попладнево што ја зафати куќата на ул. „Петар Поп Арсов“, Територијалната против пожарна единица интервенираше со четири возила и десет пожарникари.
Во немилиот настан нема жртви, а причинета е само материјална штета.
Општина Охрид заедно со Црвен крст Охрид, на семејството првично им обезбеди прехрамбени производи, средства за хигиена и лекови.
Дополнително работиме на изнаоѓање начин семејството да го сместиме во привремено живеалиште се до обезбедување на услови за нормално фунцкионирање во нивниот дом.
Напиша на Фејзбук градоначалникот на Охрид: Кирил Пецаков.