8.9 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Фрчкоски е осуден само еднаш, тоа не значи дека сега не...

Пендаровски: Фрчкоски е осуден само еднаш, тоа не значи дека сега не треба да биде амбасадор во Њујорк, сите го знаевме кој беше Груевски.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фрчкоски само еднаш е осуден, мислам 2008 година, за клевета на тогашниот премиер Никола Груевски, за објавен текст-колумна во тогашен „Дневник“. Јас не мислам дека за тоа што е осуден го прави недостоен, бидејќи знаеме кој беше Никола Груевски и како владееше и го знаеме текстот на колумната, истакна претседателот Стево Пендаровски.

<

Професорот Љубомир Фрчкоски, кој неодамна со указ на претседателот Стево Пендаровски, е назначен за амбасадор на земјава во ООН во Њујорк, не е осуден за никакво кривично дело.

Ова го истакна претседателот Пендаровски во вечерашното интервју во ТВ Телма, посочувајќи дека во казнената евиденција на МВР има „едно шест-седум пријави минимум“ за Фрчкоски за тендери, коњи, „рејбани“, меѓутоа ниту една од нив не дојдена до обвинителен акт, а не, пак, до пресуда.

– Фрчкоски само еднаш е осуден, мислам 2008 година, за клевета на тогашниот премиер Никола Груевски, за објавен текст-колумна во тогашен „Дневник“. Јас не мислам дека за тоа што е осуден го прави недостоен, бидејќи знаеме кој беше Никола Груевски и како владееше и го знаеме текстот на колумната. За обвинувањата од пријавен карактер има полициски записник, има пријава во полициска станица, земена е изјава од тогашната сопруга, земена е изјава од Фрчкоски и полицијата ги упатува да го решат спорот на суд. Во казнената евиденција на Судот кој ја консултираа од МНР и од мојот Кабинет, нема кривична пријава по тој повод – изјави претседателот Пендаровски.

Тој воедно ја објасни и целата процедура за именување на амбасадори надвор од државата, односно предлозите на Владата.

– Според меѓународната пракса околу 90 дена се чека согласност од државата каде што сакате да го праќате. По 90 дена многу ретко доаѓа негативен одговор, обично ви текнува дека не е тој човек за кандидат. Во март Владата ми го предлага Фрчкоски за амбасадор. Неполн месец дена после тоа, не после два-три-пет дена, па да речат овие не го сакаат, добивам нов предлог од тогашната Влада за Њујорк – рече претседателот Пендаровски, посочувајќи дека во законот постојат неколку услови кои ве оневозможуваат да бидете на амбасадорска позиција, како што е двојното државјанство, ако сте осуден за некое дело на подолго од шест месеци и ако сте осуден за кривично дело кое ве прави недостоен за таа работа – функција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автомобил целосно изгоре близу „Водњанска“

Автомобил целосно изгоре на улицата „50-та девизија“ на приклучокот на „Водњанска“. Веднаш интервенирале противпожарни екипи, а автомобилот е целосно оштетен и изгорен.

Гол маж го шокираше Скопје – Прошета низ центарот на градот

Утринава, пред помалку од еден час, кај скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, минувачите и средношколците беа сведоци на несекојдневна сцена – гол маж прошета...

Ова е Цеца, кралица во затворот во Штип!

Бидејќи главна фаца денес е кучката Цеца, ММС успеа да најде фотографија од оваа кралица во затворот во Штип. Но, која е Цеца? Извори на ММС...

Се огласи директорот на Кумунално Битола: За храна за кучиња имаме потрошено 100.000 денари а не 60.000 евра !!!

Директорот на Комуналното препријатие Горан Степановски од Битола, ги отфрла сите шпекулации и лаги кои беа изнесени на денешната седница- тој на социјалните мрежи...