2.5 C
Ohrid
недела, ноември 24, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Не планираме, засега да ги оспориме пред Уставен двојазичните униформи на...

Мицкоски: Не планираме, засега да ги оспориме пред Уставен двојазичните униформи на полицијата, сега имаме многу поважни работи отколку униформите !!!

Темата за двојазичните амблеми на униформите на полицијата е за дефокус на јавноста, тврди лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но засега не планирал да ja оспорува пред Уставен и вели тоа ќе го оставел на Левица оти имало многу поприоритетни теми во моментот пред кои државата била исправена. Сепак вели ќе го почекал екипирањето на уставните судии за да ја донесат тие одлуката.

Најголемата опозициска партија ниту во изминатите неколку денови не се произнесе кој е нејзиниот став по однос на уставноста на двојазичните амблеми на полициските униформи, а пак Левица повикувајќи се на амандманот 5 од Уставот посочија дека ова е противуставно и ги разгледуваат сите можности за евентуално покренување на постапка за оспорување.

„Уредбата е спротивна на амандманот V од Уставот, согласно кој службен јазик на целата територија е македонскиот јазик и неговото писмо. Оваа Уредба е спротивна и на Законот за полиција согласно кој, полицијата ја врши унифицирано својата работа на целата територија на државата. Притоа, веќе постои Правилник со кој се уредуваат ознаките на униформата и согласно кој, истите се идентични на целата територија на државата и истите не може да се разликуваат во зависност од општините каде се извршува работата“.

Коалициските партнери во власта СДСМ и ДУИ и нивните владини претставници пак веќе посочија дека оваа одлука произлегува од Законот за употреба на јазиците и не е никакво изненадување со тоа што пак Министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски посочи дека промената се однесува на локално, а не на централно ниво, односно во местата каде покрај македонскиот, национален е и албанскиот.

Она што е познато е дека до екипирањето на новиот состав на уставните судии се поизвесно е дека како точки за кои ќе треба да дискутираат и одлучуваат се токму 13 претставки за Законот за употреба на јазиците и иницијативата за преиспитување на уставноста на двојазичните амблеми на полициските униформи.

Законот за употреба на јазиците беше клучен договор меѓу Заев и Ахмети за формирање на Владата во 2017-та. Најпрво се предвидуваше и банкнотите и армиските униформи да бидат двојазични, но по реакцијата на експертите, Владата се повлече.

Комплетнипот закон од Венецијанската комисија беше оценет дека излегува од рамките на Уставот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва приведен вработен во Македонски Шуми- Го фатиле како краде дрва !!

Паралелно со производството и пошумувањата низ целата територија на Македонија, ЈП “Македонски Шуми” продолжува со бескомпромисна борба против криминалот, корупцијата и сите нелегални активности...

Првата невидлива скулптура на светот се продаде на аукција за 15.000 евра.

Првата невидлива скулптура на светот се продаде на аукција за 15.000 евра. Станува збор за „дело“ на италијанскиот уметник Салваторе Гарау наречено „Јас сум“, што...

Бананата залепена за ѕид со леплива лента продадена за 6,2 милиони долари

Банана залепена со леплива лента за ѕид, провокативно уметничко дело на Маурицио Кателан, достигна цена од 6,2 милиони долари на аукција на „Сотби“ во...

Семејството моли за помош: Веќе петти ден го нема младиот Виктор.

На 19.11.2024 од својот дом се одалечува Виктор Николиќ. Од тогаш му се губи секоја трага,се замолуваат сите ако го имаат видено или ако имаат...