27.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаПратеничката од СДСМ Соња Михаиловска, за 5 месеци добила 3.298 евра за...

Пратеничката од СДСМ Соња Михаиловска, за 5 месеци добила 3.298 евра за патни трошкови !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во целост ја пренесуваме реакцијата на ЛО Левица – Делчево

<

Пратеничката на СДСМ од Делчево, Соња Михаиловска, се најде на листата во ТОП 10 пратеници со најмногу исплатени парични средства на име патни трошоци. Да бидеме попрецизни, се работи за сума од 3.238 евра за само 5 месеци и тоа само за неколку седници, бидејќи Собранието „мака мачи” да одржи седница поради честите проблеми со кворумот за работа.

Кога и каде пратеничката Соња Михаиловска „потроши” 3.238 евра, или 199.137,00 денари народни пари , кога за патниот правец Делчево – Скопје, такси превозник (бидејќи нема редовна автобуска линија) чини 800 денари? Месечно излегува дека пратеничката зема околу 40.000 денари за патни трошоци, додека обичниот работник „црнчи” по цел ден за минимална плата, за да го прехрани семејството.

Прашањето за високите суми исплатени за патните трошоци на пратениците со години е актуелно, но досега не се најде соодветно решение.

Левица е единствена партија, чиишто пратеници се откажаа од надомест за патни трошоци и нуди решение, сегашните 20 % парични средства што се исплаќаат од изминат километар да се намалат на 5 %. Во тој случај надоместокот што ќе го добиваат пратениците за превоз до работа и назад, ќе биде изедначен со цената на повратен автобуски билет.

Македонските пратеници земаат најголем износ на патни трошоци во споредба со нивните колеги од регионот и крајно време е ова да се промени и истите овие средства да се трошат за нивната вистинска намена и во реална висина на сумата потребна за остварување на таа намена.

ВО ТОП 10 ПРАТЕНИЦИ СО НАЈМНОГУ НАПЛАТЕНИ ТРОШОЦИ И СОЊА МИХАИЛОВСКА, ЗА 5 МЕСЕЦИ ДОБИЛА 3.238 ЕВРА! Пратеничката на…

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...