0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаОпштата болница во Охрид има долг од 4 милиони евра, блокирани сметки...

Општата болница во Охрид има долг од 4 милиони евра, блокирани сметки и судски решенија !!!

spot_img

Секојдневно доспеваат нови долгови и доколку државата не помогне со финансии состојбата дополнително ќе се влоши, преупредува директорот д-р Горан Балески. (Фото: СДК.МК)

Општата болница во Охрид има долг од 4 милиони евра, дел наследен, а дел направен во изминативе две години како последица на ковид пандемијата. Болницата 7 месеци работи со блокирана сметка и со извршни судски решенија кои доспеваат секојдневно, со што се отежнува нормалното функционирање.

Сметката од август месец минатата година е блокирана. Секојдневно доспеваат нови долгови и доколку државата не помогне со финансии состојбата дополнително ќе се влоши“, преупредува директорот д-р Горан Балески.

Само во изминативе две години поради ковид кризата направен е долг над еден милион евра за набавка на медицински материјали, боци за кислород а дополнителни средства биле потребни и за исплата на зголемените дежурствата на медицинскиот персонал оти имало и по 140 хоспитализирани пациенти дневно, а тие дежурства мора законски да се исплатат, вели д-р Балески.

„Пред почетокот на ковид кризата, Инфективното одделение трошеше една боца за кислород годишно. Во време на ковид пикот 200 боци во денот се книжеа на Инфективно. Огромни суми се тоа и не верувам дека има подобра состојба во болница која активно работи во ковид кризата. Карантински прегледи, ковид пациенти, па и процес на вакцинација, сè одеше преку Општа болница Охрид. Во ковид криза имавме и 1.400 операции, 400 породувања, не е мала бројка“, вели д-р Балески.

Годишниот буџет кој го добива Охридската општа болница од Фондот за здравство (ФЗО) е пет милиони евра, од кои 70 проценти се за исплата на плати за 530 вработени, а останатите 30 проценти за режиските трошоци.

„Со таа сума која ја добиваме моментално од Фондот не можеме да работиме. Се обидуваме постојано да алармираме за ваквата состојба, но досега ништо плус немаме добиено. На почек набавуваме лекови и потрошна медицинска опрема имаме и тужби и заостанати долгови. Веледрогериите ќе престанат да испорачуваат. Долгови имаме кон сите производители на лекови, како и за набавката на кислород. Не постои фирма кон која немаме долгови, но за среќа сè уште нè толерираат“, вели д-р Балески.

Тој кажа дека болницата не може да ја плати ни сметката за струја која за минатиот месец изнесува 4 милиони денари (околу 65.000 евра).

„Фондот за здравство и Министерството за здравство се запознаени со нашите проблеми. Не верувам дека има директор на Општа болница што овие две години спиел мирно. Не верувам дека има болница која може да ги сервисира долговите последните две години. Мора државата да застане зад сето ова, во спротивно квалитетот на здравствената услуга ќе биде смешен, а тоа не смее да се дозволи“, додава д-р Балески.

Според директорот на Општата болница, покрај огромните долгови проблем е и недостигот на стручен кадар оти, како што вели, кризата покажала дека со години се примал непотребен персонал кој немал медицинско образование, па моментално болницата има недостиг од медицински сестри и лекари.
За повеќе детали,Тука Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...