10.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаKoчо Анѓушев: Цената на струјата ќе зависи од берзата...

Koчо Анѓушев: Цената на струјата ќе зависи од берзата…

„Цената на струјата ќе зависи од берзата се додека не обезбедиме поголемо сопствено производство“.

Не постои друг начин како да се обезбеди поевтина струја во овој момент освен по пазарна цена на берзата, поради големата флуктуација на цените, изјави заменик-претседател на Стопанската комора на Македонија и претседателот на Македонската енергетска асоцијација, проф. д-р. Кочо Анѓушев.

– Никој не се осмелува да даде фиксна цена за подолг временски период и таквата состојба ќе продолжи и во одреден период, се додека практично не се создаде ситуација во која ќе може да се нуди електрична енергија од сопствено производство. Само производителите можат да дадат гарантирана фиксна цена во одреден период, се друго е проблематично, вели Анѓушев.

Тој потенцира дека македонската економија троши 400 мегавати електрична енергија и доколку некој сака да обезбеди годишна цена или да има годишни договори на со фиксни цени, единствена можност е тоа да се направи е преку берзата, но за да се работи преку берза потребно е да се купи струјата за една година однапред.

– Мора да сме свесни дека, за македонската економија да може некој да ја гарантира цената или да ја кредитира по фиксна цена однапред, потреби се околу една милијарда евра фиксна сума денеска. Но не постои субјект што тоа може да го обезбеди. Затоа сите нудат ХИПЕКС цени и обезбедуваат електрична енергија врзана со плаќања кои ги сведуваат снабдувачите на брокери. Во меѓувреме индустријата има проблем што не може да ги формира цените на своите производи, бидејќи кога има варијабилна цена на некој од компонентите кои влегуваат во цената на чинење на производот на дневно ниво, не можете да се формира стабилна цена на производ, смета Анѓушев

Според него, во овој момент во услови на раст и дневно флуктуирање на цената на електричната енергија на берзата, најпогодени се компаниите кои во цената на производот имаат значаен удел не електричната енергијата, како што е случај со металургијата каде струјата учествува со околу 40 до 50 отсто или во металната индустрија каде учеството е околу 15 проценти, но и во други значајни дејности кои имаат сериозен удел во домашната економија и креирањето на БДП./МИА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...