0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаKоцевски: Полицајците во Македонија моментално се многу уплашени, тие се во загрозена...

Kоцевски: Полицајците во Македонија моментално се многу уплашени, тие се во загрозена категорија според условите за работа.

spot_img

Моментално платата на полицискиот службеник изнесува околу 15.200 денари. Тоа значи дека изнесува 2800 денари помалку од законски регуларниот просек минималец, потенцираше претседателот на Синдикат на полиција во Македонија Орце Коцевски во интервју во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа.

Според него министерот за внатрешни работи манипулира со изјавите кога кажува дека платата на полицискиот службеник изнесува 26.000 денари, односно како што рече тој полицајците земаат нето плата а не бруто плата.

-Министерот кажува дека бруто платата е 26.000 денари, знаат сите што значи бруто плата. Значи ние не земаме бруто плата, ние земаме нето плата. И треба да се знае дека платата во министерството за внатрешни работи ја утврдува министерот за внатрешни работи во согласност на репрезентативниот синдикат во моментот е Македонскиот полициски синдикат. Значи со нивен амин платата е таква каква што е денеска, рече Коцевски.

На прашањето во која категорија би го сместиле полицаецот во македонското општество според условите за работа, Коцевски вели во загрозена категорија.

-Во загрозена категорија. Значи вработен кој што зема 15.000 денари плата каде би го ставиле, дециден е тој.
Коцевски додаде дека имаат единствено барање како синдикат а тоа е едно евро еден бод, посочувајќи дека ова е изводливо решение само треба да има согласност од страна на министерот.
Нашето единствено барање е едно евро еден бод, секој полициски службеник колку има бодови толку ќе има плата во евро. Јас сметам дека тоа е изводливо. И има пари во буџетот ако има стотици илјади евра за манифестации, тогаш има и за плати и јас верувам и сум убеден дека едно евро бод може да биде во блиска иднина, треба само согласност од другата страна, смета Коцевски.

Коцевски се жали дека има голем притисок од страна на надлежните, како и дека полицајците се уплашени како никогаш претходно, укажувајќи дека доколку бидат присутни на протест полициски службеници тогаш се соочуваат со казна прераспределба од едно работно место на друго надвор од местото на живеење или им се кратат додатоците за прекувремено работење.
Моментално македонскиот полицаец е уплашен како никогаш до сега и замислете работите одат до таму, ако денеска полициски службеник излезена на нашиот протест, утре или во наредните денови следува прераспределба надвор од местото на живеење, или ќе му бидат одбиени сите додатоци и сите привилегии од прекувремено работење и ќе биде оставен со основната плата во министерството.
Извор: Kurir

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Високи гости од Турција во посета на општина Охрид

Градоначалникот на турската општина Тосја Кастамону, Волкан Каваклигил во придружба на Шенол Крабалтуоглу од Министерството за образование, денеска...

Не ги издржа стресот и траумата: Почина возачот на ЈСП Февзи Арифи.

Почина Февзи Арифи, возач во ЈСП, кој во јули со автобус удри во жардењера кај ТЦ „Мавровка“. Арифи остана запаметен во јавноста како возач...

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...