15.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаМакедонијаРеакција од Москва: Признаваме само канонски права на Српската црква во Македонија.

Реакција од Москва: Признаваме само канонски права на Српската црква во Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

РПЦ, пред сè, ќе го земе предвид пристапот кон овој проблем на Српската црква на која и понатаму ѝ ги признаваме канонски права во Северна Македонија, велат од РПЦ.

<

По одлуката на Вселенската патријаршија да ја признае Охридската архиепископија како канонска црква, со негативна реакција се јави Руската православна црква (РПЦ) која вели дека ги признава исклучиво правата на Српската православна црква (СПЦ) во Северна Македонија.

„РПЦ, пред сè, ќе го земе предвид пристапот кон овој проблем на Српската црква на која и понатаму ѝ ги признаваме канонски права во Северна Македонија“,

вели секретарот на Одделението за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук, во реакцијата која ја пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на рускиот „Спутник“.

Со денешната одлука, Вселенската патријаршија одлучи да ја отстрани повеќедецениската шизма наложена врз Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, односно да ја признае црковната јерархија предвоена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и да се воспостави канонско и литургиско општење со неа.

„Се остава на најсветата Црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Северна Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание. Како име на оваа Црква го признава ’Охридска‘ (имајќи ја на ум како област на нејзината јурисдикција владението во границите на државата Северна Македонија)“,

соопштија од Вселенската патријаршија.

Извор: 360 степени.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...