20.3 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаМинистерката на Србија: И јас сум дискриминирана, не можам да склопам брак...

Министерката на Србија: И јас сум дискриминирана, не можам да склопам брак и да посвојам дете

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска на конференцијата за човекови права во рамки на манифестацијата „Европрајдд 2022“ рече дека „таа е веројатно единствената личност која била дискриминирана од двете заедници“, откако ЛГБТ активистите ја дочекаа со свирежи на конференцијата во белградскиот Дом на младите, јави дописникот на МИА од Белград.

– Мислам дека е добро да се разговара и не мислам дека ова е дијалог и веројатно сум единствената личност која е дискриминирана од двете заедници и првиот политичар во оваа земја и регионот кој не се исплаши и не се срамев што сум ЛГБТ. Ова е мојата борба, рече таа.

Активистите во конференциската сала извикуваа „Сакаме Прајд“, „Прајд е протест“, „Ги сакаме нашите човекови права“, упатувајќи и свирежи.

Брнабиќ на конференцијата рече дека таа самата ги нема сите права, дека не е во брак, дека не може да посвои дете, по што активистите собрани во салата на Дом на младината ја поканија да прошета со нив во сабота на 17 септември и извикуваа „Ајде на прошетка во сабота“, на што премиерката на англиски одговори: „Никој не може да ве спречи“.

– Можеби не ви се допаѓа, но јас се борам за вашите права и давам се што можам, рече таа, оценувајќи дека ја подигнала видливоста на ЛГБТ заедницата и ги поместила границите „барем за еден метар“ само со тоа што е геј премиер на Балканот.

Таа додаде дека без нејзината поддршка и потпишување на писмото со препорака, Европрајд оваа година немаше да се одржува во Белград и да биде прва ваква манифестација во Југоисточна Европа.

Организаторите на Европрајд соопштија дека со одлуката на МВР што ја добиле денес е забранета трасата на прошетката планирана за сабота на 17 септември, но не и самата прошетка и дека ќе предложат нова рута.

– Уште еднаш ќе демонстрираме конструктивен пристап кон решавање на проблемите и ќе предложиме нова рута по која ќе пешачиме во сабота на 17 септември. Како што најавивме пред неколку недели, прошетката ќе се одвива, а сега останува на МВР да даде позитивен одговор на нашиот предлог бидејќи во интерес на сите нас е целата манифестација да помине што е можно непречено и ничија безбедност да не е загрозена, се наведува во соопштението.
Извор: Фокус

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...