22.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаОд кабинетот на Џафери не ја коментираат снимката oд вчерашниот инцидент: Одговорноста...

Од кабинетот на Џафери не ја коментираат снимката oд вчерашниот инцидент: Одговорноста е кај тие што не ги исклучиле микрофоните

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Собранието Талат Џафери нема да дава никаква изјава денеска за новинарите во врска со вчерашниот инцидент, велат од кабинетот на спикерот во изјава за „Слободен печат“. Ваквиот став следи откако во јавноста се појави снимка од пленарна седница на која се слуша како претседателот на Законодавниот дом, Талат Џафери, со вулгарности и висок тон им се обраќа на собраниските службеници.

<

Според објаснувањето од кабинетот на Џафери, одговорноста е на тие што не го исклучиле тонот и не ја прекинале снимката. Оттаму не сакаа да коментираат дали Џафери ќе понесе некаква одговорност.

Снимката која се појави на социјалните мрежи е извадок од преносот на седницата на Собранискиот канал на МРТВ, а според коментарите на објавите, таа е направена по завршувањето на седницата. Собранискиот спикер веројатно не знаел дека микрофоните и натаму се вклучени и дека преносот сѐ уште трае.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...