9.9 C
Ohrid
петок, април 11, 2025
ПочетнаМакедонијаМилион денари за загинат ваш бранител и милион денари за загинат наш...

Милион денари за загинат ваш бранител и милион денари за загинат наш бранител вели Меџети.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По милион денари за член на семејство на загинат припадник на ОНА еднакво како и за член на семејство на загинат бранител. Ова ќе биде условот за ДУИ да даде виза за измени на Законот за бранители, кој неодамна го најави претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов.

<

Ангелов допрва ќе треба да ги убедува владините партнери СДСМ и ДУИ за семејствата на загинатите бранители да добијат еднократно обештетување од милион денари по член или 50.000 евра по семејство. Од СДСМ го чекаат предлогот за измени на Законот за бранителите по што ќе се изјаснат, додека ВМРО-ДПМНЕ чека Владата на Димитар Ковачевски да достави законско решение за семејствата на загинатите бранители.

Може да го поддржиме предлогот ако освен семејствата на загинатите бранители пари добијат и семејствата на загинатите од ОНА. Нека се обиде Ангелов да излобира обештетување и за семејствата на загинатите бранители и за загинатите припадници на ОНА, па ќе добие поддршка за предлогот – вели за „Слободен печат“ Изет Меџити пратеник од ДУИ.

На прашање дали ова е став и на ДУИ, Меџити вели:

Ангелов нека го достави предлогот во Собрание, може да биде став на пратеничката група на ДУИ.

Во спротивно, нема да биде изненадување ако и овој предлог на Достоинство ја доживее судбината на измените на законот за бранителите од пред 10 години кој ДУИ го блокираше со илјадници амандмани.

Сега Ангелов лично ќе бара поддршка за законското решение од претседателот на Собранието Талат Џафери, кој тогаш, пак, како пратеник читаше поезија од Ацо Шопов за да го блокира предлогот за бранителите. Освен со Џафери, Ангелов поддршка за измените ќе бара и од координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми.

Иако побаравме, не добивме одговор од Адеми дали пратеничката група на ДУИ ќе даде поддршка на предлогот на Достоинство за измена и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на РМ и на членовите на нивните семејства.

Според информации на „Слободен печат“, Ангелов за предлогот веќе разговарал со пратеничката група на СДСМ, од каде чекаат тој да им ги достави измените на Законот.
Ангелов вели дека предлогот треба да се прецизира, односно дилемата е дали да бараат по милион денари за секој член од семејство на загинат бранител или пак, 50.000 евра за семејство на загинат бранител. Тој како што вели е благодарен и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ дека досега темата не ја злоупотребиле за политички поени и поради тоа се надева дека ќе добие поддршка и од најголемата владејачка и од најголемата опозициска партија.

За ДУИ пак, Ангелов вели дека се надева оти сега нема да го блокираат законот, бидејќи партијата на Али Ахмети не се спротивставила на одлуката на Владата донесена минатата недела, а со која се стопира присилното извршување, односно одземање на отштетата на бранителите од 2001 година, која што ја имаат добиено како надомест на нематеријална штета. Владата со одлука го задолжи Министерството за финансии сите оние пари коишто минатите години државата им ги одзела присилно, да им бидат вратени назад.

Од ВМРО-ДПМНЕ предлогот го оценија како пи-ар на Ангелов.

-Пи-ар на Стојанче. Тој е дел од владината коалиција. Досега 100 пати требаше да дојде како предлог од Владата – вели за „Слободен печат“ Никола Мицевски координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Ангелов викендов на прес конференција информираше дека ќе побараат дополнување во глава 4 на членот 12 каде што е предвидено право на еднократен паричен надомест.

-Предлогот којшто ние го нудиме е еден милион денари по член на семејство на загинат бранител од 2001 година, кој е необештетен или околу 50 илјади евра.

по семејство. Воедно, нудиме една формула за обештетување на воените инвалиди по 50 илјади евра за сто процентен воен инвалид и сразмерно на тоа, 5 илјади евра за 10 процентен воен инвалид. Да напоменам дека сите тешки воени инвалиди се обештетени, имаме само 30-тина полесно ранети воени инвалиди кои се надевам дека најпосле праведно ќе бидат обештетени – изјави Ангелов.

Тој ги повика сите семејства на загинати бранители од 2001 година и потоа да се јават во Достоинство, за да ги ажурираат податоците и сите да бидат опфатени.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов проект: ЈПКД Дебрца постигна договор со изведувачот на автопатот Охрид – Кичево, „Синохидро“, за изведба на водовод на 4 траси

ЈПКД Дебрца со нов проект! Со помош на Општина Дебрца и безрезервна ппдршка во целиот период , сакаме да ве известиме дека ЈПКД Дебрца постигна...

17 годишник провалил во Онкологија- Обил 18 шкафови !!

Неколку дена по ред масовно се крадело на Клиниката за онкологија каде биле обиени повеќе од 18 шкафови на вработени пренесува „Плусинфо“. Она што...

Алијанса за Албанците го исклучи од партија Мито- директорот на Геријатрија

Алијанса за Албанците одржа состанок на 10 април годинава, на кој го разгледа случајот со Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на...

Заменик-министерот Ристески: Точно е дека ме касна куче, ама не зедов финансиска оштета.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, потврди дека бил каснат од куче, но дека не земал отштета од 100.000 денари. Ристески инаку е поранешен градоначалник на...