14.3 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаМакедонијаМВР е подготвено во случај ситуацијата да ескалира кога Собранието ќе расправа...

МВР е подготвено во случај ситуацијата да ескалира кога Собранието ќе расправа за францускиот предлог

МВР ќе ги преземе сите мерки за да обезбеди безбедност на пратениците и на законодавниот дом, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Граничниот премин Табановце каде присуствуваше на промоција на кампањата „Вози одморен“.

Министерството, рече Спасовски, ги прави потребните анализи, ги собира потребните податоци и информации, како што потенцираше, во однос на можните случувања коишто би биле во текот на одржувањето на седницата. Тој рече дека законодавниот дом е храм на демократијата и дека таму треба да се изнесат сите ставови, преку дебата на народните избраници да се носат решенија.

Секако дека протести, јавно изразување на својот став, мислење итн., е демократска вредност, демократско право, меѓутоа тоа мора да биде и на демократски начин. Демократијата не подразбира анархично однесување, напротив демократијата подразбира однесување во рамките на законот. Апелирам до сите, пред сè до организаторите на овие собири, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ заради тоа што имаат испратено допис пред неколку дена како организатори на тие собири, секако тука се и други политички структури како Левица итн., здруженија на граѓани да направиме сè на мирен и достоинствен начин да поминуваат сите овие собири, изјави Спасовски.

Тој се заблагодари за воздржаноста и демократскиот дух на протестите последниве денови, но и порача дека МВР е подготвено да одговори на каков било безбедносен предизвик со кој ќе се соочи. Апелираше до учесниците на протестот мирно и достоинствено да го изразат својот став.

– Така што не би сакал апсолутно да правам никаква корелација којашто вие ја споменувате со 27 април. Тоа беше еден црн ден во македонската демократија, ден кога имаше обид да се изврши убиство на пратеници, да се влезе во законодавен ден итн. и тоа треба да ни биде само поука како понатаму треба да се движиме. Така што апелирам до сите на мирен и демократски начин да го изразат својот став, а демократската дебата да се води внатре во институциите на системот, односно да се води во Собранието, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се јасни и немам намера подетално...

Доктор Арбен Таравари му го врати ефридолот на Артан Груби

На прославата на ВРЕДИ (ВЛЕН) во Тетово, Арбен Таравари се појави со Ефридол пред толпата, и му го врати на Артан Груби. Оваа битка започна...

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...