0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаВидео– Пратеничката Стојановска го искина францускиот предлог во Собрание.

Видео– Пратеничката Стојановска го искина францускиот предлог во Собрание.

spot_img

Собранието денеска ја почна, но и веднаш ја прекина 81-та пленарна седница на која пратениците треба да расправаат за нформација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година.

Барањето за еден час пауза дојде од пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ која порача предлогот да се врати во Владата и го искина на говорницата.

Сакам уште едно да ви порачам ниту еден документ кој што вие би го потпишале, изгласале или протнале нема да има легитимитет и важност се додека не го добие најбитниот потпис и најбитниот печат, а тоа е печатот и дозволата на македонскиот народ. Затоа колку сакате обидувајте се овде денес да правите и да кажувате дека сте демократи и транспарентни, дека сте со европски вредности, јас можам само едно да ви порачам дека овој лажен документ не е документ по кој што ние денес ќе расправаме. Јас тука пред вас ќе го искинам и се надевам и посакувам дека овој звук на кинење на парче хартија додека сте живи ќе ви ги пара ушите што имате и душите што ги немате“, им порача Стојаноска.

Во продолжение видео:

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...