12.9 C
Ohrid
недела, мај 12, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Пецаков остана без зборови откако падна одлука оваа година да не...

Градоначалникот Пецаков остана без зборови откако падна одлука оваа година да не се оддржи Охридскиот Маратон !!!

Драги мои охриѓани, но и почитувана македонска и светска јавност,

Изразувам огромно жалење поради информацијата дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, кој е под покровителство на Претседателот на Македонија.

Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки.

Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон.

Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање.

Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер.

Апелирам да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои е препознатлива Македонија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Швајцарија победник на Евровизија – момчето ја освои Европа со лакирани нокти, мини здолниште и нашминкано лице..

Швајцарскиот пејач Немо победи на изборот за песна на Евровизија во шведскиот град Малме, пренесоа светските агенции. Немо доби 591 поен со песната „The Code“....

Ограбена канцеларијата на МАТИЧНОТО во Прилеп

На 11.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории...

Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот на слобода

Укината е пресудата изречена за двацата поранешни директори на Клиничкиот центар во Тетово, Артан Етеми и Флорин Бесими кои добија условни казни затвор, а...

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство. Изборите во кои доживеаја катастрофален пораз, причина социјалдемократите да заминат на брзи внатрепартиски избори....