22.8 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаДрама вечерва над Македонија: Авион кој полетал од Охрид со 180 патници...

Драма вечерва над Македонија: Авион кој полетал од Охрид со 180 патници се врати назад и принудно слета

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вистинска драма се случуваше денеска на македонското небо, дознава ТВ21. Патнички авион од Охрид полетал со еден час задоцнување со 180 патници, крајна дестинација била Фридрихсхафен, Јужна Германија.

<

Но, набргу пред Ниш, Србија авионот започнува да ја намалува вистината и брзината на движење, врти во десно и се враќа кон Македонија.

ТВ21 имаше увид во летот. Според статистиките авионот на WizzAir од 6.400 метри, се спушта на 2.477 метри.

„Авионот правеше чудни маневри. Ова не ми е прв пат да се возам со авион. Не добивме никакво објаснување што точно се случи. Други ми кажаа дека станува збор за технички проблем“, вели една патничка.

Станува збор за авион „Airbus A320-232“. Во воздух се задржал над два часа.

ТВ21 продолжува да истражува кои се причините за овој инцидент, со надлежните од М-НАВ како и компанијата сопственик на авионот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...