18.8 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаСоветничката од Левица, Аврамоска: Со поднесените амандмани е блокирана само точката од...

Советничката од Левица, Аврамоска: Со поднесените амандмани е блокирана само точката од дневниот ред која се однесува на продажба на државно земјиште кај Мауцкер

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во врска со изјавата на Претседателот на Совет на Општина Охрид, Сашо Донев, дека со поднесувањето на амандманите од моја страна, како советник на ЛЕВИЦА, се блокирала 15 Седница на Советот на Општина Охрид, ја информирам охридската јавност дека со поднесените амандмани е блокирана само точка 35 од дневниот ред од седницата, која се однесува на продажба на државно земјиште кај Мауцкер за 70 ден. по метар квадратен, вели во реакцијата советниката Виолета Аврамоска.

<

Апелираме до Претседателот на Советот на Општина Охрид да ја повлече точката 35 од дневниот ред на седницата, по што ќе бидат повлечени и поднесените амандмани. Ваквата изјава на Претседателот на Советот на Општина Охрид, ги потврдува намерите на Локалната власт и на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, кој дрско и безобразно, користејќи го Охридскиот маратон, има за цел незабележано од охридската јавност, да помине продажбата на Мауцкер, кој патем кажано е археолошки локалитет, со цел остварување на лични интереси и профити, додава Аврамоска во реакцијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...