19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаСопругата на премиерот Ковачевски за прв пат се појави на јавен настан...

Сопругата на премиерот Ковачевски за прв пат се појави на јавен настан со сопругата на Ердоган

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, Елена, за прв пат откако е тој на функција имаше протоколарно појавување во јавност.

<

Во Њујорк таа присуствуваше на прием организиран од првата дама на Турција Емине Ердоган во рамките на промоција на иницијативата ,,Нула отпад”, а го придружува Ковачевски на Генералното собрание на Обединетите нации.

На настанот Ковачевска носеше креација на докажаната Тања Кокев, фустан со интересна бургунди боја, креација од последната колекција 2021 / 2022 на дизајнерката.

За ,,Фокус” Кокев вели дека ова е нејзина прва соработка со сопругата на премиерот.
Додава дека таа е една многу шик жена, ама на едноставен начин, скромна и едноставна.

-Креацијата плени со материјалот каде освен специфичната боја има и интересна текстурата создадена од геометриска комбинација на ситно и покрупно плисирани делови кои внесуваат разиграност во инаку класичниот крој. Се чини дека на Елена Ковачевска и прилега и бојата и кројот на оваа креација каде софистицираноста доаѓа од спојот на едноставноста со смелата боја-појаснува.

Дизајнерката беше задолжена и за изданието на Тамара, ќерката на Ковачевски во мај, кога таа го придружуваше својот татко во дводневната посета на Рим и Ватикан, и беше на прием кај Папата Франциск. Црниот фустан до под колена, со ракави направени од нежна тантела, и целокупниот изглед надополнет со вел и црни потпетици, тогаш наиде на позитивни реакции кај јавноста.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...