17.9 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПретседател Стево Пендаровски доби пар рачно нацртани уникатни патики од дизајнерот Сатја...

Претседател Стево Пендаровски доби пар рачно нацртани уникатни патики од дизајнерот Сатја Грабулоски.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски доби пар рачно нацртани уникатни патики од дизајнерот Сатја Грабулоски. Патиките од марката Најки се специјално изработени за претседателот Пендаровски, а на нив се нацртани Македониумот и претседателскиот грб.

Специјалните патики се дел од изложбата „Зад Македониумот“ што се отвори вчера попладне во претседателската палата, а на која ќе може да се видат скици, цртежи, фотографии и макети од личната колекција на Јордан и Искра Грабулоски, автори на еден од најпознатите споменични обележја во земјава, Македониумот во Крушево.

Во своето обраќање на отворањето, претседателот Пендаровски рече дека благодарение на семејството Грабулоски, на Лира Грабул и Сатја Грабулoски, може да се видат интимните и детаљни творечки процеси, повеќеслојните наративи, визии, дилеми и перспективи кои се одвивале при уметничкото и архитектонско осмислување на „Македониумот“.

„Споменикот на Илинден во Крушево, познат како Македониум, е несомнено најкомплексното и би се осмелил да кажам, најрепрезентативното скулптурално-архитектонско дело кое е возвишен израз на нашата современа уметност, култура и архитектура“, рече меѓу другото претседателот Пендаровски.

Изложбата во Кабинетот на претседателот се организира по повод одбележувањето 31 година независност на Македонија и преку неа се претставуваат значајните дела од богатата современа македонска културно-историска ризница.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагично згасна животот на 18 годишен матурант во Македонија

Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“- Тетово со емотивна објава се прости од својот матурант Елдон Шабани чиј живот згасна на трагичен начин. – Со...

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија!

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија! Марија со нејзините родители Игор и Бети Кирески со потекло од Гостивар, живеат...

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...