14.9 C
Ohrid
недела, април 13, 2025
ПочетнаМакедонијаТоме Блажески претседателот на бугарскиот клуб: Го избравме името по последниот бугарски...

Томе Блажески претседателот на бугарскиот клуб: Го избравме името по последниот бугарски цар, тој е важен за нас

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Томе Блажески, смета дека нема ништо спорно во името. Иако пред седиштето има револтирани граѓани што протестираат и сметаат дека е спорно овој клуб да биде именуван по цар што бил на чело на бугарската држава за време на Втората светска војна и окупацијата на Југославија, а во нејзини рамки и на Македонија, за претседателот нема никаков проблем.

<

Добивај вести на вибер
„Ние кажавме дека немаме никакво фашистичко движење или неонацистичко. Доколку имаме во иднина, може да ни суди државата. Ние го избравме името по последниот цар на Бугарите. Тој е важен за нас. Ние сме почитувачи на ликот и делото. Се политизира целата работа“, посочи претседателот на клубот.

Тој додава дека во клубот ќе се промовира културата на бугарскиот народ и на Бугарите во Македонија.

„ Ништо лошо не сме направиле. Регистриравме здружение во согласност со законот. Ние легално сите документи ги имаме дадено до државата Република Македонија. Никогаш не сме направиле ништо лошо против нашиот народ или државата. Тоа е наша држава, наш град. Тука живееме“, додаде тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пријави за учесниците во протестот кои го демолираа кафулето на сопственикот на „Пулс“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува за кратко време да биде достапен на институциите во земјава и амбасадорот во Норвешка и поранешен министер...

Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО

За жал Инес во длабока старост не ја издржа битката со најлошата болест, соопштија од скопката ЗОО. Денеска не напушти, борејќи се со метастазиран канцер...

Детенце несакајќи со фудбалерска топка удрило жена во Скопје – Таа го нападнала со метална шипка!

На 12.04.2025 година во 22.00 часот во СВР Скопје, С.Б.(30) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 17.30 часот во двор од куќа на...

Се’ уште се трага по исчезнатото лице од Степанци- 80 лица се вклучија во потрагата

Исчезнатото лице од селото Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70 до 80 лица, а во...