15.8 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПочина проф. д-р Билјана Илиевска Попоска

Почина проф. д-р Билјана Илиевска Попоска

Почина проф. д-р Билјана Илиевска Попоска, специјалист пулмоалерголог. Нејзините студенти, колеги и пријатели преку социјалните мрежи се простуваат од неа.

„Македонија изгуби врвен лекар, професионалец од областа на интерната медицина и пулмологија, но пред се прекрасен човек.
Научивме многу од Вас професорке на што ќе Ви бидеме вечно благодарни.
Почивајте во мир Проф. Д-р Билјана Илиевска Попоска”, напишаа од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари АСМЛ.

Доктор Билјана Илиевска-Попоска е родена во 1960 година во Пробиштип, Македонија. Основно училиште како ученик на генерацијата и средно образование завршува во Скопје. На Медицинскиот факултет во Скопје се запишува во учебната 1979/1980 година и дипломира на 25.6.1985 година со просечен успех 9,1.

Уште како студент зема активно учество во научноистражувачката работа и со свои презентации учествува на два студентски конгреси во Црквеница и во Нови Сад.
На магистерски студии при Медицинскиот факултет во Скопје се запишува во учебната 1985/1986 година и ги завршува со просечен успех 9,6 и со одбрана на магистерскиот труд
„Нивото на неурон специфичната енолаза, карцино-ембрионалниот антиген, ткивниот полипептиден антиген и карбохидратниот антиген 19.9 во серумот на болни со различни хистолошки типови на бронхијален карцином“ на 10.12.1991 година се стекнува со звањето магистер по медицински науки.

Попоска е автор на над седумдесет и коавтор на над шеесет научни трудови, со кои има учествувано и предавано на бројни меѓународни и национални пулмолошки симпозиуми, работилници и конгреси.

Во текот на својата кариера ја извршувала функцијата директор на Институтот за белодробни заболувања и била избрана за професор на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делечев“ во Штип.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

49 годишен Скопјанец нападнат од својот малолетен внук.

Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна...

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно...

По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила

Почитувани, По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила ,со звучна и светлосна сигнализација...