2.4 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаЛидија Димова за тренираното Магаре не дојде на првото судење за злоупотреби,...

Лидија Димова за тренираното Магаре не дојде на првото судење за злоупотреби, судијката реагираше

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, не дојде на првото судење каде треба да и се суди за злоупотреби. Судењето експресно се одложи и бидејќи обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска на пет минути пред почеток на рочиштето известила дека има други службени обврски па не може да дојде.

<

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска кажа дека не и се допаѓа ваквиот почеток на судскиот процес.

„Се бара одлагање поради влошена здравствена состојба на Лидија Димова“, кажа судијката Јанчулева Михаиловска, а адвокатката Миа Ношпал Чорак кажа: „Не сум стапила во контакт, ја испрати лекарската потврда, не се чувствува добро, мисли дека е корона. Не сум се видела зошто не сакам и јас да си го загрозам здравјето“.

Судијката е децидна дека потврдата која Димова ја доставила не е доволна за одлагање на рочиште: „Не гледам дека има било какви други анализи. Потврдата е од 09.11.2022 година. Само чисто домашно лекување? Или има анализи?“, а адвокатката одговори: „Веројатно се правени анализи“.

„Доставете ги за да нема погрешна слика. Ова за мене ене. Доволно за одлагање на рочиштето. Освен што ќе има предлог за одлагање, мора да има и докази прифатливи за судот за да се одложи рочиштето“, укажа Јанчулева Михаиловска.

По ова беше презентиран и допис од Сузана Мирческа Кузмановска, обвинителката која ги гони обвинетите. Таа исто барала одлагање поради неодложни обврски.

„Не ми се допаѓа ваквиот почеток на постапката. Се надевам ќе се корегира“, кажа судијката Јанчулева Михаиловска.

Димова се гони за направена штета од 20 милиони денари со злоупотреби.

Според Обвинителството, средствата кои се злоупотребени се на европската заедница. Заедно со Димова, се гонат и Александар Гочев и благајничката Ана Павлиду.

Гочев одговара за подигнување на авансни пари од Агенцијата без соодветна документација. Павлиду, одговара бидејќи му ги издала парите, а не смеела.

Според Обвинителството, Димова сторила две кривични дела и тоа злоупотреба на службена положба и овластување и измама на штета на европската заедница. Гочев сторил само едно дело, измама на штета на европската заедница. Павлиду се гони за несовесно работење во службата.

Случајот го суди судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, која ги застапува и предметите против ексгенералниот секретар Драги Рашковски, а ќе го суди и случајот каде обвинет е Мухамед Зеќири.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се огласи директорот на Кумунално Битола: За храна за кучиња имаме потрошено 100.000 денари а не 60.000 евра !!!

Директорот на Комуналното препријатие Горан Степановски од Битола, ги отфрла сите шпекулации и лаги кои беа изнесени на денешната седница- тој на социјалните мрежи...

Автомобилот на Ице, еден од хероите во „Пулс“ ќе биде дел од Car Show – Битола

Ице Андонов, еден од вработените во ноќниот клуб „Пулс“, херојски успеа да спаси бројни животи влегувајќи во огнот неколку пати – но за жал,...

Пајазит Пајазити останува судија, казнет само 30% од плата

Пајазит Пајазити, останува судија во Кривичниот суд, и покрај одлуката да го пушти Блерим Рамадани од ефективен во домашен притвор, по што тој избега....

Не 20.000 евра мито, туку 100.000 евра барал директорот на Геријатрија !!!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од...