Во тек се завршните активности за реконструкција и асфалтирање на улицата ,,Будва“.
Според договорот со АД ,,Илинден“, поставен е нов слој асфалт во должина од 700 метри, плочник по целата должина на улицата, а претходно ЈП ,,Нискоградба“ постави нова атмосферска канализација.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 10 милиони денари, со која значително се подобруваат сообраќајните и инфраструктурни услови за жителите од населбата ,,Железничка“.