25.9 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаСветПУТИН МИ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЗА ЕДНА МИНУТА МОЖЕ ДА ПРАТИ ПРОЕКТИЛ...

ПУТИН МИ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЗА ЕДНА МИНУТА МОЖЕ ДА ПРАТИ ПРОЕКТИЛ НА БРИТАНИЈА, ОТКРИ БОРИС ЏОНСОН

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Џонсон имал долг телефонски разговор со Путин пред почетокот на руската инвазија

<

Бившиот британски премиер Борис Џонсон откри дека Владимир Путин му се заканил со ракетен напад кога телефонски разговарале пред почетокот на војната во Украина.

„Путин ми кажа дека за тоа би била потребна само една минута. Ми го кажа ова откако го предупредив дека војната би била крајна катастрофа“, вели Џонсон во документарецот на Би-Би-Си „Путин против западот“.

За време на „многу долгиот“ телефонски разговор во февруари 2022, Џонсон му рекол на Путин дека инвазија на Украина ќе резултира со санкции за Русија и уште повеќе НАТО трупи на нејзините граници. Во обид да го одврати Путин од воена акција, Џонсон го убедувал дека Украина нема да се придружи на НАТО во догледна иднина.

„Во еден момент, тој ми се закани: ‘Борис, не сакам да те повредам, но за проектил би била потребна само една минута‘. Имајќи го предвид опуштениот тон со кој збореше, мислам дека само се поигруваше со моите обиди да го натерам да преговара“, откри Џонсон.

Девет дена подоцна, на 11 февруари, британскиот министер за одбрана Бен Волас отпатува за Москва за да се сретне со својот руски колега Сергеј Шојгу. Документарецот открива дека Волас таму добил уверувања дека Русија нема да ја нападне Украина, но тој вели дека знаел дека тоа е лага.

„На одење, началникот на руската војска Герасимов ми кажа дека Русија веќе никогаш нема да биде понижувана“, вели Волас

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков им посака успешни игри на пензионерите на Регионалните спортски игри за пензионери.

Имав чест денес да ги поздравам и да им посакам успешни игри на пензионерите на Регионалните спортски игри за пензионери. Особено сум горд што токму...

Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари

Креиран е првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари. Целта е како што велат надлежните да се создаде јато дронови кои ќе бидат...

Таравари разочаран: Во институциите се вработени 95% Македонци, а само 5% Албанци

Во институциите се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци, вели лидерот на едното крило...

Овој пат ќе му Суди Фатиме Фетаи: Васил Јованов повторно пред суд – овојпат за обвинение за трговија со дрога.

Васил Јованов, кој пред извесно време беше осуден на 12 години затвор за смртоносното прегазување на 24-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин, денеска повторно...